Брoj 2696  вторник, 27 мај 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Лејкерси тешко настрадаа во Сан Антонио

Актуелниот првак на НБА лигата славеше со високи 103:84 и намали на 2:1 во финалето на Западот

Кошаркарите на Сан Антонио на свој паркет го одиграа можеби најдобриот натпревар во ова доигрување совладувајќи ги Лејкерси со високи 103:84. Првите 15 минути гостите држеа приклучок, но тогаш тргна серијата од 8:0 и момчињата од Тексас се одлепија. Предноста на границата од двоцифрена бројка ја одржубаа се' до почетокот на последната четвртина, кога повторно тргна серија, сега од 10:0, што стана недостижна предност.

Најефикасен кај Сан Антонио беше Аргентинецот Џинобили со 30, Данкан имаше скор од 22 поени, 21 скок и пет додавања. На ниво беше и Тони Паркер со 20 поени и пет асистенции. Коби Брајант кај Лејкерси постигна 30 поени, а повеќе од 10 постигна само уште Гасол, 15. Моменталниот резултат е 2:1 за Лејкерси, а можност за израмнување сан Антониот ќе има ноќта меѓу вторник и среда, кога се игра четвртиот натпревар.


Статијата е прочитана 245 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Русевски испадна од првите 300
Купот на Македонија за фудбалерките на Шќипоњат
Трофејот на Македонија генералка за Исланд
Мурињо потпишал за Интер?
Кој ќе го спонзорира Вардар?
Синот на Јаник Ноа, Јоаким фатен со марихуана
И Грант не го преживеа императорот Абрамович
За Села 15. етапа на Џиро
Куертен му рече збогум на тенисот
Томислав Јотовски се остри за Ролан Гарос