Број 3383  четврток, 16 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

СДСМ сака нов 15 септември

Поради катастрофалната состојба во економијата, СДСМ вчера и' ги понуди на Владата двата проекта што и' биле предвидени во изборната програма, „Инвестиции сега“ и „Стан за секого“. Според првиот проект, ќе се поттикне домашното инвестирање, а според вториот, граѓаните ќе добијат бескаматно станбено кредитирање. Двата проекта би ја чинеле државата 24,1 милион евра, а тие би се обезбедиле од буџетската ставк��, договорните услуги, која изнесува 375,4 милиони евра.

Според СДСМ, процените на банките покажуваат дека од 163 милиони нови кредити во 2010 година, само 60 милиони евра ќе бидат нови инвестиции.

Со проектот „Инвестиции сега“ СДСМ предлага државата годишно да потроши 18,9 милиони евра преку плаќање на целата камата кон банките за сите нови инвестициски кредити, со што износот од 60 милиони евра за инвестиции ќе се зголеми тројно.

Според проектот „Стан за секого“, со издвојување на 5,2 милиона евра годишно државата би овозможила тројно зголемување на станбените кредити, граѓаните би добиле кредити без камата за купување стан, а би и' се помогнало и на градежната оператива. Лидерот на партијата Бранко Црвенковски рече дека на државата и' е потребен нов 15 септември и нови избори, а СДСМ ќе направи се' во таа насока.

„Предлогот на Црвенковски за бескаматно инвестициско и станбено кредитирање покажува како се однесува политичка партија и политичар кој не чувствува одговорност кон народот“, оцени на вчерашната прес-конференција, Зоран Ставрески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, пон��дените проекти од СДСМ се полуподготвени, бидејќи државата веќе ги субвенционира каматите за малите и за средните претпријатија преку кредитната линија од ЕИБ. Ставрески порача дека 15 септември е датум што не треба да се заборави и кој треба сите сегашни, но и идни политичари да го запаметат, да ги проучат ветувања од тој ден и начинот на кој пристапил Црвенковски кон политиката и кон граѓаните. (М.Т.)


#
Статиј��та е прочитана 866 пати.

Испрати коментар

Од: Hari
Датум: 16.09.2010 13:46:37
15 septemvri e mackina kaslica vo sporedba so 1 juli. Po 15 septemvri se vrati Makedonija vo nekoj normalen kolosek posle dnoto na DPMNE. Od 1 juli 2006 pocna sigurniot rastur i pljacka na drzavata. Den na lagata e 1 juli a ne 15 septemvri. Branko ce vraboti po 1 lice od sekoe semejstvo koga Grujo ce gio donese 8 milijardi.
Од: pirgan
Датум: 16.09.2010 14:03:41
Hari,brat tesko ti e ama toa e toa.da dade gospod da si dozivees penzija,kolku od Branko ako te drzat nervite do togas
Од: ФЕЛИКС
Датум: 16.09.2010 18:23:02
Колку беше задоволен народот од 15-09-2002 год.го искажа 2006 год. а го надополни и ептен прошири 2008 год.Hari тоа го знае ептен добро. Инаку ние би биле уникатни во светот со стамбени кредити на кој каматата ќе ја плаќа државата.Плус кадее уставната еднаквост кога од буџетот ќе се врши исплата на банките визави каматите.Сите околу 400.000 семејства ќе сакаат таков кредит,од каде пари за нив.Добар минхаузенски предлог,БРАВОС

Најди! во Утрински
Политика
Фуере и' помага на Антикорупциска
Ќе замине ли Црвенковски од политиката по изборите?
Почна академската година
Захариев останува директор на Бирото за лекови
Судијата Пајазити нов член на Судски совет
И земјиштето за хотели по едно евро
Заедничка седница на двете влади