Ќе замине ли Црвенковски од политиката по изборите?
Има три опции за лидерот на СДСМ, но тие во овој момент не отвораат пат за наследник во партијата
Александра М. Митевска
На вчерашниот датум пред осум години се одржаа четвртите парламентарни избори, непосредно по конфликтот и донесувањето на Рамковниот договор и прв пат според пр��порционално-регионалниот изборен модел. Се чини, 15 септември има посебна симболика за актуелната вмровска елита, иако, според сите параметри, тоа би требало да биде датум од поголемо значење за социјалдемократите, кои тогаш се вратија на власт со рекорден број освоени гласови, а нивниот лидер Бранко Црвенков��ки убедливо го победи сегашниот премиер Никола Груевски во Првата изборна единица.
Сепак, изборниот пораз на десницата во 2002 година за Груевски значеше скок кон врвот за ВМРО-ДПМНЕ откако Љупчо Георгиевски се повлече од кормилото, инсталирајќи го во македонската политика принципот на лидерска одговорност за изборен пораз - нешто што не се практикуваше претходно. Следниот премиер што ги изгуби изборите - Владо Бучковски, во 2006 година беше принуден да замине од челната позиција во СДСМ. Но, никогаш досега Груевски не се изјаснил дали е подготвен да понесе одговорност во случај ВМРО-ДПМНЕ да доживее изборен пораз. Тоа е можеби и разбирливо ако се има предвид дека ВМРО-ДПМНЕ е цело време на врвот на рејтинг-листите. Затоа, пак, премиерот и неговите сопартијци се загрижени дали Црвенковски бил искрен кога кажал дека ќе се повлече од лидерската позиција во СДСМ ако ги изгуби следните избори.
Две изјави на Црвенковски за ВМРО-ДПМНЕ се крунски доказ дека тој го оддолжува повлекувањето од лидерската позиција во случај на изборен пораз.
Првата изјава е за Алсат во октомври минатата година: „Ако на следните парламентарни избори СДСМ претрпи пораз од ВМРО-ДПМНЕ, јас ќе се повлечам од лидерската функција и од политиката“. Втората изјава е од интервјуто за „Дневник“ минатата недела, каде што Црвенковски посочува: „И пред враќањето на лидерската функција во СДСМ, мојата политичка кариера беше целосно исполнета и заокружена. Ги вршев најважните и најпрестижните должности во државата, претседателската и премиерската, и тоа во едно историски неповторливо време. Што повеќе од тоа?“.
Но, и покрај богатиот политички стаж, Црвенковски е доволно млад за едноставно да се повлече од политиката, да ја користи доживотната апанажа како поранешен шеф на државата и да пишува мемоари.
Моментално најмалку три сценарија се во оптек за улогата на Црвенковски по наредните избори. Во случај на уште еден изборен пораз на сегашната опозиција, се чини извесно заминувањето на Црвенковски од високата политика, иако и тука се можни различни толкувања околу тоа дали е пораз ситуација во која ВМРО-ДПМНЕ би освоила најмногу пратенички места, но не доволно за да формира влада. Во соопштението што го испрати СДСМ како одговор на дилемите на ВМРО-ДПМНЕ се наведува: „Бранко Црвенковски и сите во СДСМ се убедени во победа на следните парламентарни избори. Ако евентуално СДСМ и по тие избори остане во опозиција, тоа ќе биде крај на политичката кариера на Црвенковски“.
Јасно е дека уште еден изборен пораз, петти, би бил погубен за СДСМ и дека би ја втурнал во уште поголема криза партијата, која последниве месеци почна да ги покажува првите знаци на закрепнување. Анкетите велат едно, а социјалдемократите тврдат дека им претстои враќање на власт. Ако навистина победат социјалдемократите, што од денешен аспект е невозможна мисија, Црвенковски би можел да избира меѓу две опции: да се врати во премиерската фотелја на „Илинденска“ или да му ја препушти најмоќната позиција во извршната власт на некој од своите соработници, а тој, евентуално, да ги чека следните претседателски избори во 2014 (доколку претседателската позиција се' уште претставува предизвик за него) за да си овозможи пауза, а потоа и враќање во политиката.
Од изјавите на Црвенковски може да се заклучи дека и тој не ја отфрла можноста да се откаже од премиерската функција. Во интервјуто во „Дневник“, на пример, тој вели: „Дали јас ќе бидам кандидат за премиер или не и ако не сум, каква личност ќе треба да биде кандидатот, ќе одлучат органите на партијата. Одлуката ќе биде донесена во оној момент кога ќе процениме дека ќе предизвика најголем позитивен ефект врз изборниот исход“.
На крајот на оваа изјава Црвенковски, всушност, најавува дека евентуалната одлука тој да не биде кандидат за премиер би била донесена пред изборите, а не откако ќе се знае резултатот од нив. Друга работа е дали Црвенковски, воопшто, ќе биде носител на листа на изборите и дали потенцијалниот нов премиер од редовите на СДСМ би станал и лидер на партијата, што, исто така, би значело заминување на Црвенковски од дневната политика, но и можност за ублажување на неговата одговорност при изборен пораз? Социјалдемократите имаат едно лошо искуство со премиер, кој не беше член на партиското раководство, а, веројатно, го имаат предвид и случајот со нивната сестринска СДП во Хрватска, чие раководство направи лоша процена кога за премиер го кандидираше Љубо Јурчиќ, место партискиот лидер Зоран Миловановиќ. Или примерот од Србија, каде што актуелниот премиер Мирко Цветковиќ функционира во сенката на лидерот на владејачката партија и претседател на државата, Борис Тадиќ.
Во последната година социјалдемократите не се обидоа да промовираат нова личност како алтернатива за Црвенковски за да не се ризикува незадоволство кај членството по повлекување на харизматичниот лидер.
"Ќе замине ли Црвенковски од политиката по изборите" - колку побрзо, толку подобро.
Од: Perica
Датум: 16.09.2010 12:33:31
1)VMRO ke ima najmnogu pratenici.
2)SDSM i DUI ke napravat vlada.
3)Branko nema da bide premijer(daj boze da se svestat i on i Ali i da ja stavat Rada)
4)Branko ke ostane sef u partija dodeka trae ovaa varjanta.
5) Da se nadevame deka vo medjuvreme ke si ja odrabotat dobienata zadaca za departiziranje na opstestvoto pa posle sve ova i da ne bide tolku bitno.
Од: Кемал Ататурк
Датум: 16.09.2010 12:43:03
Државник си е државник, единствен вистински лидер и политичар без разлика останал или не.
Сите други можат вода да му носат.
Од: Minhen
Датум: 16.09.2010 12:46:57
Najdobrata opcija za Makedonija a potoa za nivnata partija e Crvenkoski da si odi od politikata zasekogas...Makedonija ke mu bide mnogu blagodarna...Sigurno imaat i tie mlad i sposoben kadar da si ostanat vo opozicija..Toa e nivnata opcija...
Од: leone
Датум: 16.09.2010 13:32:20
SDSM e kadrovski tolku razbien,da prosto osven Branko i nema druga harizmaticno-retoricki izdrzana faca koja moze da vlece teret.Se se toa nekoj skopski snobovi koi nemaat vrska so rrealnosta i voopsto ne licat na sopstvenoto clenstvo.Ama za zal toa opkruzuvanje toj go stvori so godini nazad.Gledate deka bez nego nadvor od Skopje so isklucok na Zaev se totalno izgubeni.Vo Skopje bidejki netreba kampanja nesto moze da se nadevaat.A na periferijata kaj sto se najizmaltretiranite levicari i ortodoksni patrioti centralata od Skopje ne funkcionira,ne im pruza podrska i neznae kako da se vklopi vo mentalniot sklop na obicniot covek.Branko dava malku shmek na tie zafati,ama vlece ogromen teret so sebe i mu e se potesko.SDSM ima strasen potencijal vo clenstvoto.Rakovodstvoto bilo otsekogas katastrofa
Од: коки
Датум: 16.09.2010 13:35:40
Бранко е малда пензионер, така млад со редовна пензија може да издржи многу изборни циклуси во опозиција.
Од: забеган.
Датум: 16.09.2010 13:46:31
Како и да е Вмлото си оди на следни избори,До колку бидат регуларни.Мислам без закани и полнејне кути.Дали Бранко ќе си оди или не неје битно,Битно е овие неписмени засекогаш да ги нема во политика.
Од: Hari
Датум: 16.09.2010 13:50:49
Propagandnata masinerija na DPMNE ne dava povece rezultati. Sosema e jasno za ulogata na Branko(i pokraj nekoi negativnosti) vo izgradbata na Makedonija i pogubnata politika zasnivana na populizam, pljacka, partizacija od strana na Prilepskiot strucnjak po ekonomija. Samo lud ili hrabar cvek moze da se nafti da dojde na vlast posle pljackanjeto i raznebituvanjeto na drzavata od strana na Pastirot i drugarcinjata.
Од: Силвестер, Сиднеј
Датум: 16.09.2010 14:01:32
Човеков на сликава е само минато, и нека остане минато. На Македонија и треба свежи фаци, силна опозиција, чесни и паменти патриоти без опашки од минатото, кои не донесоа благосостојба за рајата. Заминувањето од негова страна ќе донесе нова струја и во самата партија се надевам, но и за доброто на државата во секој случај.
Од: borce -Prilep
Датум: 16.09.2010 14:19:39
VMROIDITE imaat neviden kompleks od Branko.Dva pati vi prostuva ne vi se osvetuva za kriminalot sto go napravivte vie VMROIDITE,ama dojde vreme da se iscisat gnasotiite sto uste gi pravite.Zatoa vi e strav od Branko.Ako imase nesto kriminogeno vo nego,zosto sega ne go zatvorite se e vo vasite race.No i koga ne mozete da spiete so zenickite VMROVKI i ne mozite deca da si napravite se znae koj e kriv-BRANKO.Sramota e i mnogu ste bedni vmrovcina
Од: D.V.
Датум: 16.09.2010 14:31:55
Ne e nisto cudno sto mnogumina baraat( so koe pravo?) povlekuvanje na Branko Crvenkovski od liderstvi i eventualno od politickoto pole. Na lugjeto , isti lica im stanuvaat , so vremeto zamorni. No, trebe da se razmisli dobro, zosto e kritikuvan i kako, bez licna antipatija(citaj ljubomora); da mu se dade sekomu toa sto mu pripagja. Lik i politicar kako sto e B .C. deneska pa i vo skora idnina, nema da se najde na nasite prostori. Toj se dokaza i kako vistinski patriot, vo najreskite denovi po osamostojuvanjeto na Mk.ne zaboravajki go i negoviot sharm. Seto onoa sto go napravi( imeto , znameto na sto mu zameruvaat bezpravno ...) bese najdobroto resenie za nasiot narod vo toj cas. Poradi toa, da mu gi priznaeme negovite zaslugi i sposobnosto i da ostavime, sam da odluci sto ke stori vo idnina. Da mu pomogneeme i da si pomogneme ednovremeno, za da dojdeme do parce leb poveke i mleko za nasite deca nautro, za cel mesec bez strav; kako i od kade...?!!
Од: blablager
Датум: 16.09.2010 14:34:21
Predlagam vo negova cest 15-ti septemvri da go imenuvame vo Brankovden, i na toj den da se natprevaruvame vo kazuvanje basni.
Од: јас
Датум: 16.09.2010 14:34:55
Авре портокалчина?!Стравот ви е в коски влезен од самото споменување на името БРАНКО .И само си се надевате дека Бранко ќе си замине од политиката..Ако не е лошо да се надевате , лоше е во тоа стварно да верувате дека ќе се случи !!!А дали овчарот ќе си замнине од челото на вашата „најпатриотска “ партија .Да бидетое 100 % сигурни..Еве и зошто :ќе морате да го смените со друг , бидејќи не ќе може од ќелија да ја управува партијата...А и таа ќе биде десеткувана , зошто многу сегашни „видни “ членови “ ќе му бидат цимери на овчарот
Од: odi setaj
Датум: 16.09.2010 14:49:31
More ovaj crni g(r)uja saka da ja vodi i kadrovskata politika vo sdsm,malku mu e apsolutna drzavna vlast pa sega saka nekoj od familijata i sdsm da go ima.Ova da ne go pravi od strav!?Si ja iska muvata od kapata.
Од: vladimir
Датум: 16.09.2010 15:43:16
ma site da gi snema ne samo nego ne e on sam voovaa cudo nareceno maedonija site do eden sto ne dovedao do ova sto sme denes !
Од: faca
Датум: 16.09.2010 16:07:13
covekov na slikava e faca priznale nie ili ne. Spored narodnata pogovorka ako te zborat znaci vredis necini da ne te zborat i da te zaboravat togas si nikoj i nisto. Pa spored toa kolku e ozboruvan ocigledno ima nesto
Од: Blue fighter: Ne berete tugjo gajle,tuku za svoeto...
Датум: 16.09.2010 16:30:57
Vo slucajov naslovot ne go otslikuva GAJLETO,tuku prednosta na SDSM so Branko na celo.Ako ne im bese nokjen kosmar na orange-ovcite nemase da se zanimavaat so sekoj negov zbor,izjava ili nastap.Za namerite,koi mu se,kakvi,za koga,do koga - toa im e denonokjna opsesija i so verglanje na edna ista bla-bla propagandna patetika veke se banalni.Rezultatite im se nesporedlivi za se sto pravel toj i tie,pa zatoa liferuvaat prognozi koi im odgovaraat ,iako znaat deka veke ne im veruvaat.Branko e edinstven politicar cie ime e vrezano vo sekoj znacaen nastan od ponovata istrija na RM,a seuste e na politicka scena kako aktiven i vinseriski politicar.Toa ne mozat da go podnesat i mozat da prodolzat da gataat sto potoa? Sepak,prvo za nivnoto ludo vladeenje treba da se dade primat vo pisuvanje statii i infromacii.SDSM NEMA DA CEKA OVCITE DA I KROJAT SUDBINA NA PARTIJA I LEADERSHIP.Pomirisajte ja reata sto ja pravite i ke ja ostavite.Za parfemot ke odlucat drugi - onie sto gi lazete uporno.