Дали постои прифатливо решение за двете страни во наметнатиот спор за уставното име на Република Македонија? Малкумина веруваат во тоа, иако и грчките и македонските политичари се' почесто ги употребуваат термините прифатливо решение за двете страни и разумен компромис. Грчката страна го воздигна својот компромис на ниво на ултиматум: географска додавка за сите употреби, ерга омнес, и крај. Тоа е грчката црвена линија. Македонската страна нема црвени линии. А нема ни зелени линии. Употребата на терминот „решение прифатливо од двете страни“ засега подразбира строга заштита на македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик и слободната употреба на термините „македонски“ и „Македонија“ на сите писма и јазици.
Владата на Никола Груевски по се' изгледа е подготвена да одработи референдум за името на државата ако има добра понуда пред себе, која може да ја аргументира пред јавноста и да ги повика граѓаните да се изјаснат позитивно гарантирајќи дека тоа е добро решение за Македонија и дека можеме да влеземе во ЕУ и во НАТО достоинствено без да го проблематизираме својот идентитет и јазик. Значи, новината е во тоа што референдум за името на Македонија ќе има само во случај да биде договорено прифатливо решение што нема да ги навредува чувствата на Македонците и на граѓаните што живеат во Македонија. А доколку биде наметнато такво решение под каков било притисок, власта нема да го поддржи таквиот предлог доколку би отишол на референдум.
Во овој момент македонската страна не гледа прифатливо решение што може да се одработи со позитивна кампања во поволен амбиент за да биде прифатено од мнозинството граѓани. Попрецизно кажано, се' уште нема решение што содржи какви било промени на уставното име зад кое можат да застанат организаторите на референдумот ниту, пак, мнозинството граѓани. Во таков случај, прифаќањето референдумско изјаснување би значело мнозинството граѓани на Македонија да не прифатат каква било, дури и најмала, промена на името. Тоа им ги врзува рацете на политичарите на подолг рок за барање каков било компромис.
Главниот проблем е во тоа што и Грција не е подготвена за никаква отстапка, а својот ултиматум го смета за компромисно решение. Нејзината црвена линија, доколку светот и натаму ја толерира, гласи дека Македонија уште долго ќе остане надвор од евроатлантските интеграции што, од друга страна, отвора други големи проблеми во натамошниот развој на македонското општество, нејзината стабилност и стабилноста на целиот регион. Големите сили, кои пресудно можат да влијаат за донесување на праведно и прифатливо решение, немаат силен интерес да го решат ова прашање или, пак, посилно да се конфронтираат со Грција.
Америка со новата администрација на Обама ни оддалеку не е иста со онаа на Буш, која ни беше понаклонета. Притисокот на Америка сега е далеку посилен кон Македонија отколку кон Грција. Едноставно, грчко-македонскиот спор не е приоритетно прашање на Стејт департментот и на политиката на Обама. Сепак, Америка останува единствената голема сила која покажува малку поголем интерес за решавање на спорот што го наметна Грција, кој на стартот се нарекуваше ирационален, а сега се' повеќе има грчки поддржувачи.
Германската десничарска влада е речиси целосно резервирана околу грчкиот притисок врз Македонија најмногу поради непопуларноста на проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан и воопшто какво било проширување на ЕУ. Франција, како и секогаш, цврсто стои зад Грција колку и да не е во право. Французите и' даваат на Грција отворена поддршка што сака да прави во односите со Македонија. Претседателот Саркози го има кажано тоа повеќепати.
Што и' преостанува на Македонија во ваква ситуација ако навистина нема друга алтернатива освен Европа, како што тврдат сите македонски политичари и релевантни политички партии и во власта и во опозицијата.
Прво, Македонија мора да му покаже на светот колку Грција не е искрена кога вели дека е подготвена за заеднички прифатливо решение. Целото досегашно дваесетгодишно искуство во односите со Грција јасно покажува дека Грција секогаш кога е на повидок прифатливо решение како, на пример, „Република Македонија (Скопје)“ веднаш поставува нови неприфатливи барања проблематизирајќи ги националниот идентитет и јазикот. Ова изнесување на Грција на чистина е од пресудно значење пред меѓународната заедница каде што Македонија во последниве години ја губи поддршката. Доколку светот открие дека Грција пак лаже, што често и' се случува на оваа земја со ЕУ, со НАТО, со Америка и со некои нејзини соседи, можно е да се очекува посилен притисок врз Грција со реални шанси да се дојде до разумен компромис.
Второ, доколку Македонија и нејзината актуелна власт и натаму повеќе внимаваат на својот рејтинг и на политичката превласт дома за сметка на името на државата, нема решение на проблемот. Вината за стагнацијата во евроатлантските интеграции ќе се префрли целосно врз македонската страна. Големите сили ќе отрпнат од грчко-македонското вечно надмудрување и ќе се дистанцираат од учеството на решавање на спорот. Во тој случај, Македонија е единствениот губитник. Тоа ќе значи натамошна ескалација во односите меѓу власта и опозицијата кој е повиновен што доцниме во евроатлантските интеграции. Но, исто така, можни се посилни судири и тензии во меѓуетничките односи ако ова прашање се пролонгира во недоглед.
Она што на Македонија може да и' донесе пресврт е нејзината активна улога во предлагање прифатливи решенија преку ОН или директно на меѓудржавните преговори на највисоко ниво притоа запознавајќи ги големите сили за својата кооперативност. Грчката дефанзива во тој случај и поставувањето нови барања, што е извесно кога станува збор за Грците, може да донесе поместување од мртвата точка во која се наоѓаме во моментот иако Грција постојано успева да создаде привид пред светот дека прашањето само што не е решено. Грчката страна постојано ги информира големите сили дека преговорите одат во добра насока и с��мо прашање е на денот кога двете страни ќе понудат конечно решение. Притоа, Грција се прикажува како конструктивна и кооперативна што, се разбира, во суштина не е така, туку се работи за добропознатата тактика на одолжување па жешкиот костен со Македонија да го вади некоја друга грчка влада. И двете страни знаат дека секој неуспех на ова прашање со името значи губење на изборите и крах во политиката на подолг период.
Можеби она што е најважно во моментот е Македонија да побара извесна промена на условите доколку навистина се оди на разумен компромис околу името. А тоа е секоја отстапка што ќе ја направи Македонија да не биде услов за започнување на преговорите со ЕУ, туку услов кој ќе важи по завршување на преговорите и по конечниот прием на Македонија во ЕУ и во НАТО. Сегашната отстапка за почеток на преговори може да биде со краток здив, бидејќи Грција може повторно да постави нови услови пред ратификацијата на приемот на Македонија во Европа во грчкиот парламент. Такви искуства со Грција има Турција во врска со кипарското прашање. Грција е тежок преговарач познат во светската политика со својата неискреност. Затоа секоја отстапка од наша страна треба да биде условена со прифаќање на целосниот пакет за Македонија.
Од: Не може да има разумен компромис на нерационални барања
Датум: 01.10.2010 12:59:21
Ероле, многу си се изнамачил со пишување. Џабе. Со грците не е можен разумен компромис.
Од: Itar Pejo
Датум: 01.10.2010 13:46:50
Za da ima razumen kompromis prvo vlasta treba da definira sto zbaci toa RAZUMEN kompromis. A posle toa da se bara razumen kompromis.
Од: Јован АН
Датум: 01.10.2010 13:58:42
Господине Ризаов.Зарем мислите дека Америка,Европа и други наши “пријатели“ не знаат дека Грција лаже скоро за се па и за историјата.Ако Македонија била грчка зошто Грција се согласила да ја дели со Бугарија и Србија.Саммо територија која не се смета за своја може да биде цел на пазарење - мене толку,тебе толку.Инаку и Грција,и Бугарија и Србија не би се пазареле ако Македонија била нивна.Па за една стреа луѓето одат по судови и ќе се истепаат,а не за своја државна територија.
Од: aleksandar sv.nikole
Датум: 01.10.2010 14:34:39
niti nekogas sme uspeale za nesto da se dogovorime so grcite nitu pak ke uspeeme.ednostavno vo nivni oci sme inferiorna nacija koja im preci vo sekoj pogled.pred 100 godini ni otcepija ogromen del od teritorijata,pred polovina vek go izbrkaa naselenieto od toj region,celo vreme go pretopuvaat i asimiliraat nasiot narod tamu i nekoj ocekuva resenie za sporot???ma kakov spor-luge osvestete se,tie kupuvaat vreme i cekaat da propadneme kako drzava za da mozat da prigrabat uste nekoj del!!prvata prilika nasite mili sosedi pak ke vlezat so oruzje vo makedonija.istorijata mnogupati go dokazala toa?a zosto??ednostaven odgovor-proklet balkan!
Од: До Јован
Датум: 01.10.2010 15:07:20
Србија, Грција и Бугарија ја поделиле географската теритотија Македонија, исто како што теритотијата Балкан е поделена на повеќе држави. На територијата Македонија живеат македонци исто како што на Балкан живеат балканци. Што побрзо го сфатиме ова, побрзо ќе дојдеме до решение за името.
Од: mene
Датум: 01.10.2010 15:29:15
Jas imam najdobar predlog - celosno da se prekrstime vo Republika Grcija! i na referendum i na ustav i na sve da pomine, pa posle da barame od Grcite oni da si go smenat imeto!
Од: perica
Датум: 01.10.2010 16:11:41
Izvini Erol , ama ova ti go napisav nekolku nedeli posle Bukurest.
Para na ruka Mara za ruka.
Inace resenijata sto ne bolat is to mozat da se proturkaat posto se u osnova tocni:
1.Severna makedonija (tocno)
2Slavomakedonci (tocno) /Makedonski albanci (veke vo upotreba)
3
Од: tihi
Датум: 01.10.2010 16:24:39
Koga Grcija ke go priznae Makedonskoto malcinstvo , togas i nie bez problem ke go smenime imeto so nekoja dodavka.Se drugo e samo pritisok ,ucena i laga.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 01.10.2010 19:09:26
Ми се бендисува мене и се надевам на најголемиот дел од народот да напишавте г-дине Ризаов за како што велите ерга омнес ултиматумот. Значи на сите разумни им пречи овој тврд став.Знам да има политичка групација на која нема да им се допадне ваквото разобличување на јужниот сосед,но тоа е тоа.Одамна пишував за максимализмот на соседот и дека со вакви ставови нема напредок.И добро е што коментаторите опозициони се сведоја само на Itar Pejo.
Од: XML
Датум: 01.10.2010 20:09:11
Г-дине Ризаов кога сакате можете да напишете навистина добра колумна,како оваа. Ке ве потсетам на една ваша колумна напишана пред многу години каде го спомнавте поранешниот кипарски претседател на турскиот дел, кој лично ви кажал дека ке дознаеме какви се грците кога ке почнеме било какви преговори со ЕУ. Треба да ви биде јасно за каква нација се работи, со какви методи се служи. Не еднаш или двапати се излажани ЕУ и САД. Тие ке ги ги лажат како што сакаат уште многу пати, затоа што сакаат да бидат излажани. Европските политичари се веке без кредибилитет, најглупаво е да ја слушаш реченицата - Решето го името ке одпочнеме преговори за во ЕУ и ке ве примиме во НАТО. Како да се реши со тешката уцена што ја прават и што ја рушат стабилноста на Македонија. Што самите го кршат мегународното право кое сами го донеселе. Грција 20 год. пропагира националистичка политика во својата земја против Македонија, за тоа никој не зборува и ред други работи.