Број 3399  вторник, 05 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

Грција бара сојузник во Кина

Кинескиот премиер Вен Џијабао, кој престојува во официјална посета на Грција, доби третман од домаќините како нов сојузник и спасител на земјата. А како и да не го пречекаат со отворени раце, откако најави дека е дојден со понуди за подобрување на трговската и туристичката соработка, за откупување делови од неколку грчки пристаништа (меѓу кои и солунското) и за откупување дел од железницата, која е заглавена во долгови. Вен Џијабао за време на тридневната официјална посета се сретна и прошета низ Акропол со грчкиот премиер Јоргос Папандреу, разговараше со претседателот Карлос Папуљас, лидерот на опозицијата Антонио Самарас, претседателот на грчкото собрание и министрите за економија и за туризам.

Освен со 11-те потпишани договори за меѓусебна соработка, Џијабао и вербално истакна дека ја поддржува Грција и смета дека може да излезе од кризата. „Кина верува дека иднината на Грција и конечната победа им припаѓаат на грчкиот народ“, изјави кинескиот премиер. Џијабао побара од Грција да игра поактивна улога во односите меѓу Кина и ЕУ, додавајќи дека сите сме во истиот брод и има потреба од подобрување на односите меѓу Пекинг и Брисел. Медиумите го оценија ова како многу јасна бизнис-зделка - Кина сака подобрување на трговските врски со Европа, а Грција може да биде портата на оваа економска размена.

Очекувано, покрај другите проблеми, на средбите било отворено и прашањето за името, а тоа го објави претседателот на грчкото собрание, Филипос Пецалникос. Тој го уверувал кинескиот премиер дека Грција вложува напори и има добра волја за решавање на спорот со името. „Една држава со долга историја, како што е Кина, може да разбере дека историјата на Македонија е документирано и неприкосновено наследство кое мора да го почитуваат нашите соседи“, истакнал Пецалникос.

Посетата на кинескиот лидер грчките медиуми веќе ја крстија како стратегиско отворање на Грција кон оваа земја и нов курс на политиката на Јоргос Папандреу, со храбри најави дека Пекинг ќе застане зад позициите на Атина, иако таквите шпекулации се околу економските прашања, а не името со Македонија.

Маслиновото масло го освоило Вен Џијабао

Атина - Кинескиот премиер Ван Џијабао го сефтоса грчкото масло. „Признавам дека вечера прв пат пробав грчко маслиново масло. Земав лепче и го мацнав. Мислам дека е многу вкусно“, изјави со насмевка кинескиот премиер при своето обраќање во грчкото Собрание. Искрената изјава беше дочекана со громогласна смеа и аплауз во Собранието и од самиот грчки премиер Јоргос Папандреу.

Секако,, многумина од граѓаните и медиумите различно го протолкуваа коментарот на Џијабао. „Околу 10 милиони Грци-должници не дишеа и навиваа кинескиот премиер да мацне лепче во маслото. Знаат дека ако 900 милиони Кинези научат да мацкаат лепче во грчко масло, не преголема доза, барем една капка колку за мезе, готово е се'! Се спасивме од кризата!“, со доза сарказам коментираат од блогот „Протагон.гр“,

За време на официјалната посета на кинескиот премиер во Грција беа потпишани договори за увоз на грчко маслиново масло и грчки вина во Кина. Како што истакна Џијабао, Кина сака двојно да ја зголеми трговската размена со Грција, со цел да и' помогне да се извлече од кризата.

Својата порелаксирана страна кинескиот премиер ја покажа и кога пред посетата на музејот на Акропол седна во неколку блиски кафулиња и со грчките граѓани разговараше за грчкото секојдневје и проблемите со кои се соочуваат. (М.П.)


#
Статијата е прочитана 1911 пати.

Испрати коментар

Од: Дарко П.
Датум: 05.10.2010 12:08:32
Да го купат Солунското пристаниште, истото она за кое предлагаше професорот Фрчковски да го купат македонски фирми. Експерт за се, и за ништо!
Од: Предавниците не се никогаш во право
Датум: 05.10.2010 13:51:55
Значи може и со друг свет. Со Кина. Значи може и Индија и Русија и сите. Не само недемократска и изопачена ЕУ. И неспособна.
Од: Doktorot od Detroit
Датум: 05.10.2010 14:56:21
Trgovskata vojna i geostrateskoto nadmudruvanje okolu transportnite koridori i patista vo novata raspredelba na pazarite eve gi donese Kinezite pak vo Makedonija. Otkako kineski firmi ke go otkupat makedonskoto pristaniste, togas ke go izdavaat pod naem na Makedonci i na nivnite firmi od Republika Makedonija...Amerikanskata stoka ke ima "tesno grlo" za vlez vo Evropski Balkan na ist nacin kako sto kineskata stoka se provira preku Amerikanskiot kontinent na svojot pat kon Evropa. So otvoranjeto na Panamskiot (obnoven) kanal vo 2014 i dotogas prevzemenata kontrola na Solun od strana na Kinezite ke im dade dopolnitelna prednost vo odnos na Zapadot vo borba za Evropskiot pazar. Se drugo se finesi. Ova nesto e seriozno pomestuvanje vo geostrateskata igra, a Papandreu uste od vremeto na tatko mu imase aspiracii kon Rusija i Kina...Za ocekuvanje e Grcija da dobie nov samar od Zapad. Vprocem se sto imaat Grcite se dolzi na Zapad uste od samoto formiranje, a i NATO go napravija za da jabranat
Од: Алооо!
Датум: 05.10.2010 15:20:13
Ало,бре Предавниците..... Грција потпиша договор со Кина,не ние! Ти за грците навиваш?
Од: karokan "gambit"
Датум: 05.10.2010 17:59:13
Ej Alooooo,sto go kritikuvas covekot????? Pa ubavo napisal-Predavnicite ne se nikogas vo pravo!!!! Se preslusal i se opisal,sto tolku strasno!!! Ako pritoa ne mislel na sebe,togas seuste ne se preslusal...........Ima vreme!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Ce mu tekne eden den!!! Kasno mu e palenjeto..
Од: Jove
Датум: 05.10.2010 19:00:53
Nasle kinezite so kogo tikvi da sadat. Brgu ce im se udiraat po glava.Pravele dogovor so gjavolot.Kakva glupost.
Од: makedonec
Датум: 05.10.2010 22:20:02
grcite sekogas barale krava za cicanje.prva amerika,pa evropa pa koga ja sutnaa i ednite i drugite sega probuvaat kaj kinezite ama tuka nema da im pomine zasto site ja dozznaa sto pavi i deka na tuk trosok ziveei opstojuva
Од: Ace
Датум: 06.10.2010 06:50:04
Decki, sto li ke im ponudime nie na Azijcite: domati i sirenje ne jadat a nasite piperki im se mnogu meki(skapani). Reklama treba za Makedonija. Vo svetot pola ne znaat ni sto sme a ne kade sme i dali voopsto postoime. Site sto pokusavaat da pregovaraat prvo go otvaraat dzepceto nadevajki se nekoj dolar ke padni. Marketing treba..Prodazba na kvalitet a ne ogovaranje i okrivuvanje na drugi. Trgnete ja omrazata od makedonskite dusi pa pocnete so TANTRA - relaksiran um moze poubavo da razmisluva. Ostavete ja Grcija, gledajte sto Makedonija moze da mu ponudi na svetoto. Gazoza nikoj ne saka, ajvarot samo nasite go jadat vo stranstvo, pecurkite od selata 'zabarite' gi jadat. Zapadot saka nesto suvo peceno , ubavo spakuvano i za mala para - po moznost pola cena od nivnite produkti. Togas duri mozeme da bideme zemeni vo obzir za sorabotka. Aj gospod neka e na pomos (drug nikoj ne ne gleda i onaka)
Од: sv dimitrija
Датум: 06.10.2010 08:37:00
Nekoj e udaraat glavata vo zidot ili gledaat vo neboto kako da se v'bunar propushteni a pak nekoi ne spijat.Ako edna opcija ne raboti ,chovek mora da bara druga .Duri Makedoncite da spijat Drugite i na MARS ke pojdat.
Од: Без компас
Датум: 06.10.2010 09:55:58
Македонската дипломатија е без компас. Зачмаена, заспана, без стратегија и идеи. Србија развива мошне плодни односи и соработка со Кина. Преговара со Кина за модернизација на српските железници. Кина ќе го купи и ќе го модернизира не само пристаништето во Солун, туку и грчките железници. значи само македонските железници ќе останат како слепо црево во регионот! Нека ни е на здравје со вакви политички аматери.
Од: zore taneski skopje
Датум: 06.10.2010 09:56:14
Грција арно прави за себе а што прават нашите политичари.Разединети за националното прашање - името на држаата Небаре е тоа политичко локално и меѓупартиско прашање.Треба да се обединиме сите ние Македонците и сити граѓани на државата околу името и да имаме заеднички став и од него да не остапуваме.Ние си имаме име - Македонија и точка.Кинезите брзо ќе видат со когпо си фатиле работа.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Тиквешиjата во агониjа
Грција бара сојузник во Кина
Штаб нема, ама истрага за Глигоров - има!
Засекогаш во срцата на своите обожаватели
Политиката и „Макфест“
А1
Пандев не може да ја смени публиката
Секој втор Македонец користи интернет
Загубена деценија
Државата трие раце од старите коли
Нобелова награда за докторот кој „создаде“ дете од епрувета
Пет милиони евра вреден грабеж во БиХ
Триесет години ја крие хомосексуалностa?
Владата се фали и кога губи
Гоце Смилевски доби награда за литература од ЕУ
Тадиќ не се сретна со бившата сопруга - сега калуѓерка
Турција за две години ќе лансира сателит во вселената
Стил






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma