Број 3399  вторник, 05 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

Тадиќ не се сретна со бившата сопруга - сега калуѓерка

Специјалците спречија претседателот да се види во манастирот со првата сопруга, Веселинка

БЕЛГРАД - Еден ден пред устоличувањето на Иринеј, 45. патријарх на Српската православна црква, кое по повеќегодишна традиција во неделата беше направено во црквата во Пеќ, градот кој денес е во границите на Косово, конфузија на медиумската сцена предизвика ударната сензација во белградскиот дневник „Ало“. Имено, објавено е дека претседателот на Републиката, Борис Тадиќ, кој како единствен од високите српски државни претставници беше на свеченоста, по повеќе години ќе се сретне со својата поранешна сопруга, Веселинка Заставниковиќ, со која пред 13 години го заврши граѓанскиот брак.

Веселинка, по разводот, се вработила како новинарка во српското Министерство за вера, а во 2002 година заминала во манастир. Кога минале пет години од таканареченото искушение, кон средината на октомври 2007 година, станала монахиња со духовно име Ирина.

Веселинка, денешната калуѓерка Ирина, служи во манастирот во Пеќ, одлучно избегнувајќи ги новинарите од Србија и целиот свет што го пронајдоа местото на нејзиниот тивок престој и се обидуваа да ја намамат да прозборуваат за себе. Пред две години, во некој револверашки таблоид се појави измислена вест дека првата госпоѓа Тадиќ, наводно, кренала рака на себе.

Со цел да се избегне гледање на некогашните сопружници, па макар и брза наивна размена на погледи (што би било особено опасно пред камерите на Првиот канал на Радио и телевизија Србија, кои за милионскиот аудиториум три часа вршеше директен пренос на духовниот настан во Пеќската патријаршија и што би го фрлило, секако, во сен��а) црковните службеници задолжени за протокол мудро се погрижија на тој простор кој внимателно го чуваа дури 2.200 специјалци ни случајно да не дојде до нивна средба. По брачниот раскол Веселинка Заставниковиќ и Борис Тадиќ, никогаш не биле поблиску еден до друг.

И првата љубов на Борис Тадиќ (како и на неговиот политички идол, убиениот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ), била родена во Хрватска, во Осиек, како ќерка на понизок офицер на ЈНА.

Веселинка, или Весела, и Борис Тадиќ, син на Љубомир, угледен универзитетски професор и обележан дисидент во Титовиот режим, се запознале како студенти во Белград. Таа студирала новинарство на Факултетот за политички науки и го привлекла неговиот поглед со чудесната убавина и блескавото образование. Во својата генерација се наметнала со радикални револуционерни ставови, па влегла во најтесното раководство на тогашното студентско движење кое го нарекувале Црвен универзитет, кој беше трн во окото на власта. Своите идоли Весела ги наоѓаше во припадниците на германското ултралевичарско движење Бадер Мајнхоф. Таа беше три години постара од Борис, кој студираше психологија на Филозофскиот факултет.

Борис Тадиќ, и покрај жестокото противење на мајка му Невенка Кичановиќ, невропсихијатар, се венчаше со избраната во 1981 година во 22. година од животот. Поради отпорот на мајка му спрема Весела, младата брачна двојка најмила под кирија евтина потстанарска соба во улицата „Капетан Коча“. Живееле во голема сиромаштија, а крај со крај составувале така што Борис продавал весници по улиците, а Весела шиела кукли од крпи и евтино ги нудела на пазарите. За да им ја ублажи сиромаштијата, нивниот истомисленик Драгољуб Олуиќ им отстапил дел од својот стан во улицата „Кнез Милетие“ бр. 40, каде што поминале повеќе од една година. Дури откако дипломирал, Борис се вработил како професор во Првата гимназија во Белград, по што дошло до извесно финансиско подобрување на состојбата. Современиците блиски до Тадиќеви велат дека првите десет од 16-те брачни години ги проживеале многу сложно.

Политичките погледи им се разишле откако од почетокот на 1990-тите години Борис Тадиќ со татка си Љубомир ја формира Демократската партија. На кризата што го наруши мирот на Борис Тадиќ влијаеше најмногу и сознанието дека жена му не можела да раѓа, што ги зголемило притисоците од мајка му Невенка и постарата сестра Вера, кои довеле до тоа врската, конечно, да пукне.

Не помина многу време кога на некоја свадба Борис Тадиќ се запознал со Татјана, инженер по градежништво, која ќе му ги роди ќерките Маша и Вања. За разлика од Весела, Тања не излегува во јавноста. § забележуваат што како прва дама не е почесто покрај сопругот. („Јутарњи лист“)

Веселинка одбра аскетски живот

Во една пригода пред поголем број новинари Тадиќ кисело одговори на прашањето за неговата прва сопруга, сегашна монахиња. „Таа го избра својот пат и го почитувам тоа“, одговори суво. Се смета дека монахињите и монасите се жртвуваат со аскетизам (откажување од минливиот свет и неговите уживања и здобивање со доблести низ духовен и физички подвиг) за да го заштитат својот ред пред Бога со својата молитва (тоа, главно, е суштината на монашкиот живот). Монашките доблести се молчењето, понизноста, умереноста, постот и ноќната молитва. Времето во манастирот е поделено на часови на молитви и часови на работа, проткаено со неделни и годишни строги пости.


#
Статијата е прочитана 5490 пати.

Испрати коментар

Од: Liljana
Датум: 05.10.2010 15:46:24
Mislam deka treba da pocituva privatnosta na sekoja licnost, pa neka bide toa i sef na drzava.Da potsetam-koga Francuzite ja objavija zivotnata prikazna(citaj-tajniot zivot) na pok.pretsedatel Miteran.?
Од: Anastasios
Датум: 06.10.2010 08:08:52
Od prodavac na vesnici do Pretsedatel na Drzava. Bravo za Demokratijata i demokratskite standardi za koi se zalaga g-dinot Tadic i site nie. P.S. Mislam deka mi stanuva jasno zasto poleka stanuvame ona sto sme - Teritorii bez Drzavi.
Од: Miro von Wien
Датум: 06.10.2010 08:37:38
Se prasuvam dali e ova novinarstvoto na sovremena Makedonija ? Ako toa e toa togas "Leka mu noc na novinarstvoto " . Dali nie imame eventualno povazni problemi i temi ili ne. Od ovoj teekst moze da se vidi samo odbojnost kon Srbija i nisto povece . Smetam deka sekoj znae kade e Pec . Kogo tolku go zasega minatoto na predsedatel na sosedna zemja . Dali istiot novinar nekogas razmisluval za toa kolku desa vo momentov se gladni , zedni i nedovolno obleceni , bidejci polticko-ekonomskata situacija go dovede naselenieto do ambisot na totalna propast . Gospodo novinari razbudete se , dosta e zolta boja vo novinarstvoto . prijatelski pozdravi

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Тиквешиjата во агониjа
Грција бара сојузник во Кина
Штаб нема, ама истрага за Глигоров - има!
Засекогаш во срцата на своите обожаватели
Политиката и „Макфест“
А1
Пандев не може да ја смени публиката
Секој втор Македонец користи интернет
Загубена деценија
Државата трие раце од старите коли
Грција бара сојузник во Кина
Нобелова награда за докторот кој „создаде“ дете од епрувета
Пет милиони евра вреден грабеж во БиХ
Триесет години ја крие хомосексуалностa?
Владата се фали и кога губи
Гоце Смилевски доби награда за литература од ЕУ
Турција за две години ќе лансира сателит во вселената
Стил






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma