Број 3399  вторник, 05 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

Штаб нема, ама истрага за Глигоров - има!

Министерството за внатрешни работи потврди дека пред 11 години е укинат Штабот за оперативна акција „Автомобил“, кој своевремено бил формиран за испитување на околностите околу атентатот врз претседателот Киро Глигоров. Но, од МВР негираат дека тоа значи оти истрагата е запрена, а случајот „атентат“ е ставен ад акта.

На 15-годишнината од одбележувањето на овој немил настан, ваквата информација во јавноста ја пласираше бившиот разузнавач и актуелен лидер на Народно движење на Македонија, Јанко Бачев. Како што појасни тој, според полициската практика, тоа значи дека атентатот повеќе не е предмет на систематско и организирано работење на МВР.

„Не е исклучено документот што го покажа Бачев да е веродостоен. Оперативни штабови се формираат за различни поводи. Но, тоа никако не значи дека е затворен случајот. Тоа не само што не е реално туку и теоретски не е можно,

бидејќи атентатот како кривично дело никогаш не застарува“, вели Иво Котевски, помошник за односи за јавноста на министерот за внатрешни работи. Тој вели дека е сменет само модалитетот за организациско постапување во рамките на МВР.

„Ние и за обични кражби не ги затвораме случаите, се' додека не застарат, а камоли за еден ваков настан“, вели Котевски.

Државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски потврдува дека случајот атентат не е затворен, иако признава дека во последниве неколку години немаат нови информации и траги околу овој случај.

„Пред две години го проверивме исказот од наводниот крунски сведок, што ни го посочи ексминистерот за внатрешни работи, Љубомир Фрчкоски. Но, излезе дека доказите што ни ги приложи поранешниот вработен во ДБК н�� се веродостојни, а се однесуваа на фотографијата направена на денот на атентатот од случаен германски турист“, вели Шврговски.

Од скопскиот Кривичен суд, пак, информираат дека случајот со атентатот врз Глигоров кај нив се' уште е во предистражна постапка.

„Истражниот судија своевремено ги издал потребните наредби до МВР. Но, тоа беше во времето по атентатот и оттогаш немаме нови предлози од Обвинителството“, вели судијата Владимир Туфегџиќ, задолжен за односи со јавноста во Кривичниот суд. (Г.Д.)


#
Статијата е прочитана 1765 пати.

Испрати коментар

Од: Atentatot i Imeto
Датум: 05.10.2010 12:44:57
Pravniot identitet vo megunarodnoto pravo e samo ime: sluzi za pravni postapki pred sudski tela (kako identifikacija), za pravno pretstavuvanje, za sklucuvanje dogovori i vrsenje site drugi pravni raboti za koji se bara identifikacija. Pravniot identitet e pravna kategorija: nemoze da se nametne i odzeme i postoi obvrska da se poseduva (samo mafijaski organizaciji namerno nemaat identitet =ime , od pricina nikoj da nemoze da gi tuzi). Ottuka , nemoze da se pregovara za pravniot identitet! Drzava bez praven identitet nee pravno lice i nepostoi kako praven subjekt (odn. voopsto nepostoi).
Од: Trpe
Датум: 05.10.2010 14:46:00
mnogu raboti se zaboshotija, a dokazite na agentite na USA i Germanija se unisteni vo poplavata na parnoto vo MVR, a tie izgleda po naredba ne napravile kopija..

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Тиквешиjата во агониjа
Грција бара сојузник во Кина
Засекогаш во срцата на своите обожаватели
Политиката и „Макфест“
А1
Пандев не може да ја смени публиката
Секој втор Македонец користи интернет
Загубена деценија
Државата трие раце од старите коли
Грција бара сојузник во Кина
Нобелова награда за докторот кој „создаде“ дете од епрувета
Пет милиони евра вреден грабеж во БиХ
Триесет години ја крие хомосексуалностa?
Владата се фали и кога губи
Гоце Смилевски доби награда за литература од ЕУ
Тадиќ не се сретна со бившата сопруга - сега калуѓерка
Турција за две години ќе лансира сателит во вселената
Стил






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma