Број 3399  вторник, 05 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

Пандев не може да ја смени публиката

Капитенот на Македонија се откажува од националниот дрес, бидејќи не може да се помири со некоректниот однос на навивачите

Наум Котевски

„Одлучив повеќе да не играм за репрезентацијата. Свирежите на навивачите на последниот натпревар со Ерменија беа капак на сето она што го доживеав претходно“, со овие зборови нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев ја изненади македонската јавност пред продолжението на квалификацискиот циклус за Европското првенство со натпреварите против Андора и Русија.

За оваа одлука Пандев, како што вели, долго размислувал, но по разговор со својата сопруга и селекторот Јонуз, решил да ја стави репрезентативната кариера ад акта. Навредите од публиката биле континуирани и веќе неиздржливи. „Сум играл болен, сум играл повреден, но никогаш не сум се жалел. И што добив на крајот? Некоректен однос, што не е прв пат“, целосно ја отвори душата европскиот шампион со Интер, затворајќи ја привремено или за навек, очигледно, емотивната врска со националниот состав и јавноста.

Овој потег на капитенот ќе се обидеме да го разбереме како искрена скршеност и длабока разочараност и нема да бидеме безобразни и да тргнеме од тезата дека сега кога веќе се етаблираше на европската сцена, се' му се може.

Но, и Пандев мора да разбере како искусен професионалец дека спортистот и да „дуби на глава“ никогаш нема да може да ја сака публиката како што го сака таа него, се разбира, ако е успешен како Гоче. Тоа најјасно можеше да се види лани кога тој беше хит во Лигата на шампионите,кога неговиот Интер стана македонски национален тим.

За време на секој меч на италијанскиот шампион таксистит�� плачеа како Џорџ Мајкл пред две недели кога поради сообраќајна несреќа по дејство на опијати, а не поради своето момче, заработи едмосечна затворска казна во Лондон. Зошто? Затоа што немаше живо пиле на улица, затоа што Пандев не само од Скопје туку и од помалите градови правеше престолнини на духови кога играше Интер.

Оттаму ако некој во одредена ситуација и може да се чувствува изневерен тоа е публиката, а не оној на теренот, чија природа безусловно мора да ги стави аплаузите и свирежите во иста категорија. Како нераскинлив дел од неговиот живот во арената. Кога би било поинаку би немало спорт. Како што би немало новинарство, ако секој претставник на седмата сила би си дал отказ по перверзните коментари, кои со помош на современава технологија секој сеирџија може да ги остави под текстот на интернет страницата на весникот.

Овдешната публика во многу ситуации реагира превулгарно, пребурно, бескомпромисно. Но сета таа реакција, мора да знае Пандев, е резултат на лабораториски чистата емоција (зошто немаше свирежи во првиот дел со Ерменија, а Пандев може и да се потсети што му се случи на „Џузепе Меаца“ на довчерашниот негов соиграч Балотели).

Токму новиот играч на Манчестер Сити е еклатантен пример како не треба да се гради односот со публиката. И таму и тука публиката е отровна како австралиски континентален таипан. За една секунда со „каснувањето од вистината“ од херој може да те направи препариран глушец или да те проголта, па со високо концентрирана киселина да те разгради како најсладок плен.

Вистина, во стилот на таипанот беа последните реакции на публиката на мечот со Ерменија, кои дефинитивно не беа насочени само кон Пандев како поединец, туку кон слабиот колектив. Барем во тоа имаме некоја европска жичка. Ниту најголемиот не може да биде аминуван, ако тоа не го заслужува.

Фрустрациите кај публиката се огромни. Причината е што од овие квалификации (подгреана од оптимистичките најави на селекторот за бараж) јавноста очекуваше нешто повеќе од фамозната врвна цел на Јонуз, кому во овие малку постудени денови ќебето му падна: „Да бидам само трет. Така ќе станам најуспешен селектор, а другите што сакаат нека зборат“.

Во таа насока оди и изјавата на Пандев, дадена како дел од отказот: „Сите одат напред, вложуваат во фудбалот. Во такви услови треба да бидеме задоволни ако бидеме петти во квалификациската група“.

Ако е така тогаш потегот на откажување му е добар. И сега треба сите останати да го следат лидерот. Затоа што нема иднина, нема перспектива, конечно, нема зошто да се игра. Доколку, пак, е само избрзана реакција, на Пандев пожелно е да му се врати чувството што го имал до вчера. „За мене носењето на дресот на репрезентацијата е најголема чест. Секогаш сум го давал максимумот“.

Таквата на некој начин каузална врска меѓу честа и максимумот треба и натаму да продолжи. Во спротивно ништо не правиме. Тој никогаш нема да може да ја смени публиката, бидејќи таа, барем овде, е непроменлива институција. Кај неа нема реформи, а има гилотини. Денеска си херој, а утре предавник. Безмилосна е оваа поблика која е навикната само на порази. Таа ретко кога знаела да биде горда во поразот.

Оттаму ако некој во ситуацијава може да потпише компромис тоа е Пандев. Тој и' е максимално потребен на оваа репрезентација за да донесе малку радост во фрустрираните срца. Нашиот капитен, како газда на теренот, секогаш мора да најде начин да не предизвика свирежи од трибините. И тоа да го разбере како нормалност во оваа чудна фудбалска земја, а не како зла крв. И без Пандев репрезентацијата ќе игра, но на ваков начин таа ќе биде скршена на половина. Затоа треба сите заедно, без молење, да се извлечеме од калта во која се запретаа нашите фудбалери.


#
Статијата е прочитана 4007 пати.

Испрати коментар

Од: sale
Датум: 05.10.2010 12:20:07
bravo za novinarot neverojaten tekst vo koj se e vistina i prekrasno e opisana fud. atmosfera vo mk samo da se nadevame deka nasiot heroj ke ja promeni odlukata i ke se predomisli!
Од: Stefan
Датум: 05.10.2010 12:20:56
Mora da priznaam , eden od najdobrite natprevari (se misli na natprevarot protiv Ermenija) vo istorijata na makedonskata reprezentacija. No ne(voopsto ne) poradi ubavinata na igrata, tuku poradi faktot sto posle tolku godini "Makedoncheto" konechno se razbudi i odluci da ne bide poveke edno obicno zamorche na koe ke mu se frli troshka leb od vreme na vreme i ke mu se zatvori ustata. Reakcijata na publikata bese rezultat ne samo na poslednata losa igra na reprezentacijata tuku na celokupnata situacija vo makedonskiot fudbal i makedonskiot sport vo celost. Pandev e eden od najdobrite makedonski fudbaleri vo nashata istorija ama mora da razbere deka sepak, on e samo fudbaler. Licno smetam deka odlukata ke ja napravese porano ili podocna, no kako i sekoj smrtnik, taka i Pandev ima potreba od toa da bide na naslovnata strana. Pozdrav
Од: zoki
Датум: 05.10.2010 12:26:46
Takvi igraci ne ni trebaat
Од: zoran
Датум: 05.10.2010 12:56:35
sebicen,ne se zalaga dovolno i neka ne igra..ima nekoj koj ke se zalaga i ke gi brani boite na Makedonija kako so treba..a zvezdi kako pandev da igraat sami ne ni trebaat....kako ne mu e sram
Од: b
Датум: 05.10.2010 13:04:37
Браво за натписот. Се надевам дека Пандев ке го прочита и добро ке го разбере!
Од: Aerodrom
Датум: 05.10.2010 13:35:15
Bravo za avtorot, retko dobra statija, se soglasuvam vo celost. Jas licno bev na severna na natprevarot so Ermenija i svirev na krajot zaedno se skoro site navivaci bidejki vtoroto poluvreme bese edno od najkatastrofalnite dosega. No jas, a veruvam i site drugi navivaci, ne mu svirev na Pandev licno tuku na celata reprezentacija sose selektorot!
Од: VLADE
Датум: 05.10.2010 13:43:28
ic neka ne se vraka. navreden bil kako ne be...
Од: demokrat
Датум: 05.10.2010 13:49:01
Pred 10tina godini Makedonija odigra prijatelski natprevar so tigasna SR Jugoslavija. Izgubivme 1:2. Za vreme na natprevarot publikata dovikuvase so vulgarni sodrzini, poedinci pcueja se zivo, i od eden projatelski, se pretvori vo domasen neprijatelski natprevar. Bev sokiran. Go izgubivme natprevarot, no nasite igraa sosema dobro, imaa poveke sansi, no nemaa sreka da dadat gol poveke. Publikata kaj nas e sekogas ista, vulgarna, spremna za incidenti, nedolicna. I Anglicanite odigraa sramno remi protiv nas no na krajot dobija aplauz od domasnata publika.
Од: Sramno
Датум: 05.10.2010 14:16:24
Мотивите на Пандев мислам дека се чисто лукративни. Но сепак е Жално за Пандев ако навистина мисли да не игра за Македонија , барем на моето дете ќе му биде пример каков не треба да биде врвен спортист и човек. А шо би рекол Амлет: Сам Себе Се убил. п.с. за авторот - Кога новинар дава перверзни коментари ги нервира сите Читатели ,а од еден перверзен коментар на читател се нервира само новинарот - ИСТОТО важи и за Пандев кога игра слабо, калкулантски - се нервира цела Македонија а кога му свират- И треба да се Изнервира, ама да игра подобро а не да се Откаже - ТОА е разликата меѓу голем Спортист и обично селско фудбалерче. Пандев Сам си ја кроиш судбината и кариерата само немој после Цацко да ти е крив,
Од: aleksandar
Датум: 05.10.2010 14:32:25
do koga ne se smenat site lica vo mak fudbalot pocnuvajki od Haralampie hadzi Ristevski nema da ima mak fudbal, a ima makedonski mladi talenti koj ke go smenat Gospodin Gospodin Pandev a i odbranata koja e na prosek nad 30godini treba da se menuva
Од: МКА
Датум: 05.10.2010 14:53:01
Врвните ѕвезди Пандев и Панчев најмалку дадоа за репрезентацијата на РМ . Големи ипари заработува(а) па си го штеди здравјето.
Од: cedo filipovski
Датум: 05.10.2010 15:16:44
ni so karta na stadion,mr6
Од: srecko
Датум: 05.10.2010 15:18:59
Zamislete vaka da reagira eden Germanec, eve Balak da kazeme!!! Sto ke se sluci? Nisto. Posle ova samo ke moze da ja "sonuva" reprezentacijata... E ama toa e Germanija. Da ne zaboravime deka do pred nekoe vreme imase "carki" vo reprezentacijata kade "maminite i tatini" sinovi go "namestija" Katanec. Toj ne ni cinese, a kolku sto e poznato Srecko ne se slozi so nekoi baranja na Pandev. Pazete sekogas e nekoj drug krivecot, ovoj pat publikata. Pa dobro e sto uste i ima ponekoj da odi da gleda fudbal vo Makedonija. Nivoto e zalno, isto kako i FSM, kako ligata (ako mozeme toj "cirkuz" da go nareceme liga), kako i nasite vedeti na celo so Pandev. A sto treba sega nie da pravime, da go molime??? Voopsto neka ne doagja i neka ne igra. Tragikomicno e toa sto se "ukakavme" vo gakicki so Inter i nasiot Pandev. Uste malku ke izleze deka Inter bez nego ne moze?! Gluposti, samo "se udirame" vo gradi.NE TREBA da igra, so nego ili bez nego isto ke e.Tuku veruvam deka za se e Katanec krivecot, A?!
Од: Razocaran navivac
Датум: 05.10.2010 15:34:49
Sramota, do vcera mi bese heroj...sega samo eden obicen predavnik. Do vcera kupuvavme tvoi dresovi sega...ni e sram da gi nosime. Mnogu nezrela odluka koja ke se pameti zasekogas
Од: kita
Датум: 05.10.2010 15:40:27
Znaci, sega koga fudbalskata selekcija trpi kriza vo svoite redovi, site plukate, a dosega...na site ni e jasno koj sme i kaj sme vo fudbalot no Pandev sekogas bil i ke bide za Makedonija. Samo se prasuva toj NAUM sto go napisal tekstot dali voopsto ima um.Allooooooo.....Makedonijooooo
Од: dragan
Датум: 05.10.2010 15:40:58
pa neka igra reprezentacijata u strumica na stadionot , sigurno strumicani celo vreme ke mu aplaudiraat,
Од: Bojan
Датум: 05.10.2010 16:20:48
Ја демантираше веста денес во текот а денот....и ај сега да го видам „новинаров“ што демек цитирал, а испадна дека тресел глупости и измислувал, дали ке се извини на Пандев и на целата македонска јавност???
Од: Ace
Датум: 05.10.2010 16:34:26
Se soglasuvam vo celost so tekstot. Bravo za avtorot, konecno eden dobar tekst vo utrinski !
Од: Филип
Датум: 05.10.2010 17:57:57
Пандев оди си! Се ти е простено!
Од: karokan "gambit"
Датум: 05.10.2010 18:27:37
Kolku sto me sluzi secavanjeto na natprevarot so Ermenija,Pandev poslednite 30 i povece minuti gi odigra povreden.(Eve toa se potvrduva i so konstatiranata malku poteska povreda vo Inter). Ne sum siguren deka povredata ne ja vlecel i od porano. Sto trebase da napravi na terenot????????????? Da kolabrira za da se zadovolat nekoi niski strasti koi sega provejuvaat kaj dobar del komentatori, toboze "zagrizeni" i "razocarani navivaci". Pa g=do navivaci (komentatori) prodolzete da plukate.Ce mozete da plukate po dokazan i sportist i patriot.Taka i kategorijata plukaci ce vi se podigne na povisoko nivo!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Do nivo na obicna BEDA!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: jane
Датум: 05.10.2010 19:13:36
Stvarno se iznervirav.Pa kako da ne svirime katastrofa se igrase .Plus Pandev vo posledno vreme a kje dojdese do sansa samo se sopnuvase samo promasuvase i toa e fakt.kakov rezultat i donese on na MKD vo poslednite 10 natprevari -mnogu slab.I so pravo e izvirkan mozda i toa treba da go razgleda nemoze nie go velicavme go velcivame site se krstime u nego i ednas potsvirnavme i toa opravdano i ooopppss nemal da igra -pa neka ne igra sramota razgaleno detiste
Од: vane
Датум: 05.10.2010 23:16:01
ako e toj navreden sto da kazeme nie publikata dali toj se prasuva kako se custvuvevme celokupniot makedonski narod po natprevarot so ermenija. Bravo za aftorot
Од: b.j.
Датум: 05.10.2010 23:41:34
Bez razlika dali e poraz ili pobeda MAKEDNOSKATA REPREZENTACIJA MORA SEKOGAS DA SE BODRI ,POGLEDNETE JA GERMANIJA ZA PRIMER SEKOGAS GO BODRI NACIONALNIOT TIM. Pandev ima pravo da kazuva i pravi sto saka posto e EDINSTVENATA SVETLA TOCKA POSLE PANCEV STO PRIDONESUVA NEKOJ DA CUE ZA NASATA PROKLETA MAKEDONIJA....Treba da razberete fudbalot vladee so Svetot i samo preku fudbalot moze da bideme prifateni od celiot svet...drugo razberete nema sto makedonija da ponudi... RESPECT ZA PANDEV...i bez razlika dali ke napusti i prodolzi zasekogas ke ostane eden od najkvalitetnite prozivodi sto makedonija nekogas gi proizvela.... a site vie drugi sto go anvreduvate imeto na pandev ednostavno treba da se zasramite so voopsto ste makedonci ako i ste makedonci...
Од: stevfan
Датум: 06.10.2010 03:16:35
novinarot ubavo napisal i treba da se ceni ubava statija ili ubava retrospektiva za profesionalnost. Go cenam Pandev i ce gi postuvam negovite postapki ama da samo toj se oseti deka e navreden ne e vored.
Од: stip
Датум: 06.10.2010 07:42:13
pa se gleda deka mu dovaga krajot i vo inter. poleka ke sedne i na klupata za rezervni igraci.prepotentno poesuvanje. ne ni e potreben.
Од: зоки
Датум: 06.10.2010 08:33:30
Факт е дека играчите си ги чуваат нозете. Публиката знае да аплаудира и покрај пораз, но пораз со залагање. А за влечкање по теренот следи исвиркување. Пандев нема право да се лути, кога игра само за Интер.
Од: aleksandar sv.nikole
Датум: 06.10.2010 10:13:42
na nasiov narod nikogas ne moze da mu pogodis-sekogas prvo se gledaat losite strani,a posle dobrite.toa e makedonskiot sindrom!!a pandev neka se izvini za komentarot ako navistina go rekol,a ako e izvadeno od kontekst nesto-neka gi tuzi novinarite bidejki vo toj slucaj- ne se nisto podobri od onie sto svirkale i navreduvale!kako i da e za edno e vo pravo-mala zemja sme so mali vlozuvanja vo fudbalot,a fudbalskata mafija vladee.se dodeka e taka sto ocekuvame??cuda??nema sansi!i andora ke ne pobedi!
Од: Blagoja
Датум: 06.10.2010 10:13:49
Кажаното назад не се враќа. Тој ако навистина го изјавил тоа НЕМА ПРОСТУВАЊЕ. И ако сака аплаузи тогаш треба да покаже дека е фудбалер а не ГЛУМЕЦ. кога ја прима топката веднаш паѓа па фудбал или балет е. И за крај заборави на времето кога ни на тренинг не го сакаа во Лацио репрезентацијата прва му подаде рака.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Тиквешиjата во агониjа
Грција бара сојузник во Кина
Штаб нема, ама истрага за Глигоров - има!
Засекогаш во срцата на своите обожаватели
Политиката и „Макфест“
А1
Секој втор Македонец користи интернет
Загубена деценија
Државата трие раце од старите коли
Грција бара сојузник во Кина
Нобелова награда за докторот кој „создаде“ дете од епрувета
Пет милиони евра вреден грабеж во БиХ
Триесет години ја крие хомосексуалностa?
Владата се фали и кога губи
Гоце Смилевски доби награда за литература од ЕУ
Тадиќ не се сретна со бившата сопруга - сега калуѓерка
Турција за две години ќе лансира сателит во вселената
Стил






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma