Број 3399  вторник, 05 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

Нобелова награда за докторот кој „создаде“ дете од епрувета

Нобелова за медицина: Со методот на британскиот научник Роберт Едвардс, првото бебе се роди во јули 1978 година

Физиологот од Кембриџ, проф. Едвардс, кој сега има 85 години, и починатиот Патрик Степто, хирург по гинекологија, ја развија технологијата ИВФ со која јајни клетки се оплодуваат надвор од организмот и се имплантираат во матката. Д-р Степто почина во 1988 година. Нивната пионерска работа доведе до раѓањето на првото бебе од епрувета во светот, Луиз Браун во 1978 година.

Мајк Мекнами, главен извршен претставник на "Бурн хол", клиниката за ИВФ што ја основаше професор Едвардс, во близина на Кембриџ, изјави: "Боб Едвардс е еден од нашите најголеми научници. Неговата инспиративна работа во раните 1960-ти години доведе до напредок што ги подобри животите на милиони луѓе во светот. Боб Едвардс е прифатен со голема наклонетост од сите кои соработувале со него и биле лекувани од него. Навистина ми е задоволство што мојот голем ментор, колега и пријател е признат на овој начин".

Професор Едвардс претходно изјави: "Најважната работа во животот е да се има дете. Нема ништо поспецијално од дете".

Еден од најгордите моменти беше податокот дека 1.000 бебиња се родени со ИВФ во "Бурн хол" после Луиз Браун. Тој потсети на возбудата кога ја пренел информацијата на тешко болниот д-р Степто, кратко пред смртта на д-р Степто. "Никогаш нема да го заборавам радосниот поглед во неговите очи", вели проф. Едвардс.Портпарол на проф. Едвардс изјави дека професорот не се чувствува добро за да дава интевјуа. (Телеграф)


#
Статијата е прочитана 607 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Тиквешиjата во агониjа
Грција бара сојузник во Кина
Штаб нема, ама истрага за Глигоров - има!
Засекогаш во срцата на своите обожаватели
Политиката и „Макфест“
А1
Пандев не може да ја смени публиката
Секој втор Македонец користи интернет
Загубена деценија
Државата трие раце од старите коли
Грција бара сојузник во Кина
Пет милиони евра вреден грабеж во БиХ
Триесет години ја крие хомосексуалностa?
Владата се фали и кога губи
Гоце Смилевски доби награда за литература од ЕУ
Тадиќ не се сретна со бившата сопруга - сега калуѓерка
Турција за две години ќе лансира сателит во вселената
Стил






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma