Тиквешијата е во агонија. Кулминираа проблемите на лозарите, за кои грозјето и покрај големата шеќерност, има кисел вкус. Годинава се исуши речиси половина од родот проценет на 200 милиони килограми. Визбите откупија помалку грозје, бидејќи нивните капацитети биле преполни. Извоз на македонско винско грозје речиси и немаше.
Лозарите се во најлоша ситуација од сите земјоделци. Покрај проблемот со годинашнава реколта, тие не зедоа пари ни за ланско грозје. На цел регион му се заканува колапс. Кој е виновен? Каде е решението? Ова се две клучни прашања, кои десетина години останаа без одговор.
Секоја година лозарите протестираат за време на берба и сами си предизвикуваат проблеми. Деновите за протест се денови за скапување на грозјето. Винарите, пак, велат дека македонското вино слабо се продавало поради силната конкуренција на пазарот. Знаат ли македонските винарници да направат вино што ќе конкурира со квалитет? Визбите немаат стратегија за промоција на македонското вино надвор од границите.
Државата, пак, само најавува помош во промовирање на производот од кој влегуваат пари во државната каса, но конкретни чекори нема. Се донесоа закони за земјоделство и вино, но се чуваат во фиока наместо да се применуваат. Надежта кај лозарите беше насочена кон тие решенија со кои визбите се задолжени да ги објават правилата на игра неколку дена пред стартот на бербата, а откупеното грозје да го платат за 180 дена. Годинава се лицитираше со разни цени.
Се преговараше цела година, но интензивно во време на гроздоберот и под блокади, за, навидум, да се спакува некакво решение. Но, не само што нема решение туку работите кулминираа. Државата вети помош и за винарниците и за лозарите. Субвенции за преработувачите на грозје доколку откупат 65 отсто од ланскиот род и два денара за килограм грозје за производителите. Визбите не покажаа голем интерес за владиниот предлог. Секој откупуваше колку што сака, колку што му треба и по пониски цени од лани. Којзнае дали лозарите ќе добијат два денара од државата. Зошто немаше извоз на винско грозје за да се заштитат домашните винарници од конкуренција? Е, па, само преку конкуренција ќе се оди напред.
Ќе се дојде до решение за лозарството само ако државата изготви стратегија што ќе ја осмислат луѓе со искуство од терен. Грозјето се раѓа на нивите, а не на асфалт, а уште помалку во канцеларии и во кабинети. Изготвувањето вистинска стратегија ќе значи и вистинско решавање на проблемите. Се покажа дека досегашната стратегија е погубна и погрешна. Сите што досега ја кроеја судбината на лозарите, правеа огромни грешки. Настапуваа популистички и собираа политички профит, а грозјето пропаѓаше и се намалуваа површините со лозови насади. Некој дозволи Тиквешијата да тоне со години, а годинава и да колабира на економски план.
Од грозјето не се прави само вино. Може да се преработи и во сокови. Затоа е потребно да се работи во тој дел, ама вистински. Потребни се странски инвестиции. Државата нема одговор кои сорти да садат лозарите во наредните години, а се трошат државни пари за подигање нови насади во време кога лозарството е пред колапс.
Визбите се множат, а откуп нема. Винарниците имаат двојно повеќе капацитет за преработка на грозје и производство на вино од оној што го искористуваат.
Надлежните многупати ќе речат дека Македонците пијат малку вино и не помагаат во потрошувачката. Тоа е точно. Но, факт е дека за поголема потрошувачка државата треба да го прогласи виното за храна и да го намали данокот на 5 отсто. Без одлагање, итно мора да се изработи стратегија за лозарство, но и за извозен маркетиншки план за вино.
Ниедна влада досега не сфати дека лозарството е клучна гранка што може да ја повлече македонската економија напред. Не се доволни само субвенции. Потребни се вистински потези.
Од: Винариите, дел од т.н. есенско сценарио на БЦ и СДСМ
Датум: 05.10.2010 13:03:59
Ниедна влада досега не сфатила дека лозарството е клучна гранка што може да ја повлече македонската економија? Каква глупост! Па виното во цел свет не оди! И што да му правиме на грозјето? Овој СДСМ-овски новинар ја напаѓа владата, а токму оваа влада одвои повеќе пари за грозјето отколку што тоа го направија винариите, кои сите од ред се на луѓе од СДСМ и кои нарочно дополнително го закочија откупот и не го плаѓаат ланското грозје..
Од: лозар
Датум: 05.10.2010 13:50:06
Toчно е. Ниедна влада досега ништо прецизно не понуди за земјоделието. Се трошат државни пари за субвенции, а државата не знае какви сорти треба да се садат. Нема стратегија. Партискиот службеник (војник) во горниот коментар некако ногу погоден. Ами убаво пишуе тука од грозјето не се прави само вино. Нека привлекува владата и странски инвестиции - фирми кои ќе прават други доработки од грозје. Треба работа....
Од: До Винариите и .....
Датум: 05.10.2010 14:11:16
А,да им го кажеш тоа во лице на лозарите? Те чекаат!
Од: Vuk
Датум: 05.10.2010 15:22:05
Vladata trebase da dozvoli neogranicen i bescarinski izvoz na grozjeto. Taka ce gi spasese lozarite od vinariite koi neodgovorno dosega go nemaat isplateno lanskoto grozje a godinesnovo ne se zainteresirani (nemaat pari nitu interes) da go otkupat grozjeto.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 05.10.2010 18:47:43
Сите во агонија подрумџијата од Тиквеш мува него лази,највероватно навива за уште помали цени.Се прашувам дали повикот за ноемврискиот ,,устанак,, важи и за лозарите.Опозициски лидер вероватно ако ги повика прво ќе ги насочи кон него протестите а после кон владата,тоа би било ,,када би се зезали,,.Инаку владата е виновна што олигархот ги вози лозарите,кој прво се договара ,прифаќа и после ништо неважи.На ова и ,,независните,, медиуми и опозицијата одмолчуваат.
Од: Разочаран
Датум: 06.10.2010 00:11:50
Не грижете се, како што коментира и Феликс погоре, за Тиквеш нема ни зима ни криза. Зошто? Затоа што е „ујдисан“ со портокаловите, како што беше и со другите, ама сега галиба и поарно му врви бизнисот, оти овие поербап бизнисмени испаднаа. А лозарите па што сакаат, со Бранко подобро да не им беше.
Од: Popov
Датум: 06.10.2010 08:40:19
Merki:
1. Vladata da gi otkupi pobaruvanjata sto lozarite gi imaat od vinarskite vizbi.
2. Kako najgolem doveritel na v.vizbi da dade stechajni prijavi
3. Vo stecaj da napravi plan za reorgnaizacija i so toa da stane najgolem sopstvenik
4. Da napravi prodazba na taka steknatata sopstvenost na vistinski investitori koi se dokazani vo vin. industrija
5. Edna v. vizba da zadrzi vo drzavna sopstvenost za "peglanje" na vishoci vo odredeni godini
6. Barter aranzman - betonsko zelezo (ili avtobusi) za vino so Ukraina
7. Stimulacija za investitor sto kje napravi sokara i kje proizveduva penliv sok od grozje
8. Stimulacija za destiliranje na del od vinoto
9. Legaliziranje na lozjata sadeni na povrsini koi se vo sopstvenost na RM
10. DDV na vino 5%
11. Zabrana za berenje vo vrekji i ciradi i - berba vo gajbi - pogolem kvalitet.
12. Promotivna kampanja za konzumiranje na vino namesto pivo vo RM
13. Targetirana promocija vo stranski zemji
14. Distributivni centri vo tie zemji
Од: Ози
Датум: 06.10.2010 10:58:11
Ама се незгодни ова винариве. Наместо да се радуваат на вестите како економијата закрепнува и дека ќе имаме убави споменици, тие запнале да продадат некакво си грозје. Неблагодарници ни едни!