Околу пет милиони евра банкарски пари се ограбени од возило на агенција за обезбедување во близина на местото Груде во српскиот дел на БиХ. Како што соопшти полицијата на Република Српска, парите биле сопственост на „УниКредит“, а биле пренесувани во Хрватска со возило на приватна агенција за обезбедување од Бања Лука.
Вооружените напаѓачи го попречиле патот на возилото со пари, и под закана за убиство, ги принудиле обезбедувачите да им ги дадат парите.
Ова е досега најголем грабеж во БиХ.