Број 3399  вторник, 05 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

Државата трие раце од старите коли

Од увозот на стари коли оваа година во буџетот се слеале 11 милиони евра

Александрија Стевковска


Од увозот на половни возила годинава државата ќарила 11 милиони евра. Се работи за пари слеани во буџетот од увоз на користени автомобили со ЕУРО 1 стандарди, односно стари до 18 години. Сето ова беше овозможено со Одлуката за привремен увоз на половни возила која Владата ја донесе во март годинава и требаше да важи до 5 август, но беше продолжена до 30 септември 2010 година, а имаше цел обновување на возниот парк на граѓаните. Сега и во наредните шест години во сила е увоз на возила со стандард ЕУРО 2. Од Владата најавуваат дека поволностите за купување возила ќе продолжат и идната година, кога се укинува царината за увоз на сите возила со потекло од ЕУ.

„Владата, охрабрена од успехот на мерката за увоз на половни автомобили и во 2011 година планира да продолжи со намалување на царината, односно со дополнително смалување на трошоците, преку тоа што ќе воведеме нула проценти царина за увозот на возила од ЕУ“, истакна вчера вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, без притоа да прецизира дека тоа е обврска на земјава согласно со Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ.

Тој даде позитивна оцена за акцијата на увоз на користени автомобили со ЕУРО 1 стандардите. „Планираната цел со дадените поволности за увоз на половни возила и дополнителните шест месеци за пререгистрација на возилата со странски регистарски таблички е постигната, бидејќи граѓаните добија можност да дојдат до возила и да се обнови возниот парк во државата со подобрување на нивниот просечен квалитет и со повисоки екостандарди“, додаде Ставрески.

Податоците покажуваат дека во изминатите месеци вкупно се увезени 51.225 возила, од кои 5.480 се нови, а 45.745 употребувани. „Вкупниот увоз на возила е зголемен за четири пати, а кај половните за 15 пати. Нето-ефектите во буџетот изнесуваат 11 милиони евра и тоа шест милиони евра од царина, а пет милиони евра вкупно од акциза“, додаде Ставрески.

Тој појасни дека со владините мерки граѓаните ги искористија повластиците што им беа понудени, при што наместо 2.800 евра, плаќаа вкупно 700 евра по увезено возило, што произлезе од намалувањето на сите давачки за увоз и легализација на старите автомобили.

Директорот на Царината, Ванчо Каргов, појасни дека во однос на структурата на возилата има огромно намалување на интересот за пониски категории возила до 1.000 кубни метри од 9,2 за минатата година, на 3,2 проценти оваа година наспроти зголемувањето од 4,7 на 26,3 отсто за возилата од повисока категорија.

„Од вкупно 46.000 илјади увезени половни возила, околу 10.000 се возила кои се возеле на патиштата во Македонија“, вели Каргов.

Во однос на користењето половни возила со странски регистарски таблички по 30 септември, одговорните објаснуваат дека сопствениците ќе можат кумулативно да ги користат шест месеци во една година на територијата на државата, по што ќе следуваат соодветните мерки. Доколку не се постапи по таквото решение, може да дојде до привремено одземање на возилото. Казна за користење на возилото повеќе од дозволените шест месеци е 100 евра, или 50 евра ако се плати веднаш.

„Се евидентира кога тоа возило влегува во Македонија, истовремено граѓанинот што влегува со такво возило треба да има точно дефинирано каде живее, дали во Македонија или во друга држава. Тоа не значи дека во Македонија нема да може да се управува возило со странски регистарски таблички, туку мерките ќе се однесуваат за тие што не ги почитуваат одредбите за привремен увоз на возила“, рече Каргов.

Ниту Каргов ниту Ставрески не сакаа да прецизираат на колку сопственици на странските возила со двојно државјанство не им било дозволено изминативе три дена ниту да влезат ниту да излезат од земјава.

„Не се пуштени и нема да бидат пуштени, бидејќи ги намаливме трошоците до 700 евра за просечно возило и никој не смее поради тоа да го пречекорува законот. Се надеваме дека од медиумите ќе добиеме поддршка за овие политики за да можат да се искористат тие средства за реконструкција на нашите патишта и како и сите граѓани што плаќаат за тоа, да плаќа и оваа категорија граѓани“, подвлече министерот за финансии.

Македонските таблички - европско прашање

СОФИЈА - „Прашањето со бугарските регистерски таблички на автомобилите во Македонија ќе стане европско прашање“, изјави заменик-претседателот на ВМРО, Ангел Џамбаски, за новинската агенција „Фокус“.

„Би било многу интересно да се направи обид да се спречат граѓаните да возат возила купени во соседна земја, тоа би било од голем интерес за европските институции“, смета тој. Според неговите зборови, ова прашање станува потематско со истекувањето на крајниот рок што го даде Владата во Скопје за пререгистрација на моторите возила. (Фокус)

 


#
Статијата е прочитана 2411 пати.

Испрати коментар

Од: Milky way
Датум: 05.10.2010 12:56:13
Imam eden predlog!! Za da ne vozat dzabe po Makedonskite patista najdobar nacin e da se vovede EXTRA patarina za vozilata so Bugarski reg.tablicki...No pak ke se soocime so istiot problem, zatoa sto site sopstvenici na avtomobili so Bg. tablicki se sopstvenici i na clenski na VMRO-DPMNE...a se znae deka so clenska od Vemeroto patarina ne se plaka...i to!!!
Од: b
Датум: 05.10.2010 13:48:24
Владата не е таа која ја укинува царината за возила од увоз од ЕУ. Тоа е според договорот за асоцијација и стабилизација!
Од: pero
Датум: 05.10.2010 15:06:51
mojot predlog e; Vladata da donrse zakon so koj site korisnici na vozila so stranski reg tablicki godisno bi plakjale za patarina vo Makedonija (vinetka) po 50 evra.Site onie koi nema da imaat takva etiketa zalepena na kolata da plakjaat kazna po 100 evra.Toa e idealno resenie za site, em pari vo bidzetot em sopsvenicite na tie vozila ke bidat zadovolni.
Од: Tiho
Датум: 05.10.2010 15:16:33
Zoshto se macime i improvizirame? Ako se znae deka glavniot motiv na gragjanite da vozat vozila so stranski tablici e sumata na pari shto treba da se plati za registracija na edno vozilo vo Makedonija i da receme vo Bugarija. Ako vo Bugarija traba da se plati max 100 EUR za registracija zaedno so zelen karton vo Makedonija taa suma e nekolku pati pogolema. Veruvam deka toa ne e zatoa shto nie imame povisok standard od Bugarite. Do koga ke se bildaat smetkite na osiguritelnite kompanii i stanicite za tehnicki pregled na grbot na gragjanite. IZEDNACETE GI USLOVITE ZA KUPUVANJE I REGISTRACIJA KAKO I VO DRUGITE DRZAVI i vo toj slucaj nikoj nema da vozi kola vo Makedonija so stranski tablici. Zarem toa e tolku teshko da se svati i da se realizira?
Од: od Makedonec
Датум: 05.10.2010 17:25:59
koj si e Bugarin neka si bide Bugarin ova e demokratija.
Од: До „Tiho„
Датум: 05.10.2010 17:49:34
Се е вистина.Не напиша зошто не се намалува осигурувањето.
Од: Zlatko
Датум: 05.10.2010 18:36:38
Resenie ima, so koregiranje na cenata za zelen karton i registracija. Site osiguritelni kompanii se privatni, koristat zadolzitelni benificii za registracija od drzavata, a cenata lihvarska. Se drznuvaat i da ja kritikuvaat drzavata deka vo nea se vozat neregistrirani vozila, a drzavata molci. Znaci nekoj ima debela korist od toa. Za edno vozilo registrirano vo Makedonija zaedno so zelen karton ke registriras tri vozila vo Bugarija. E zatoa imame Bugarski vozila i Bugarski pasosi vo drzavata. Toa e revolt na gragjanite. I kade e taa korumpirana regulatorna komisija da izlezi i da gi kazi rezultatire od moritoringot na zeleniot karton. Se ceka i ceka od mesec do mesec a kompaniite go ograbuvaat narodot. Ne biva drzava od nas.
Од: mite
Датум: 06.10.2010 08:28:49
ako moze edno vozilo od 25 godini da se voze vo evropa zostom ne moze vo mk ili nie sme prototip drzava HOMOLOGACIJA TIF I RAZNI GLUPOSTI ZOSTO TIE RABOTI GI NEMA VO EVROPA
Од: Филип
Датум: 06.10.2010 09:08:19
И препорачувам на владата слободно да донесе одлука сите возила со странски регистарски таблици да може да се возат непречено во Македонија, но најдолу да пишува дека одлуката стапува на сила со влезот на Македонија во Европската унија.
Од: aleksandar sv.nikole
Датум: 06.10.2010 10:04:12
se dodeka davackite do makedonski tablicki,sose osiguruvanje ne padnat na najmalku 500 evra...nisto ne pravime.registracijata e uzasno skapa.tehnicki pregled plativ 4100 denari!!!vo bugarija e 10 evra!!!zelen karton ovde e za eden mesec 40 evra-vo bugarija BESPLATNO!!!eko taksa vo bugarija e 50 evra-ovde pak e poskapo!!!ddv-18 procenti-tamu e minimalno!!epa zosto da plakame za golf 4 star 12-13 godini 5000 evra,koga moze da bide 3500??????koj ke ima benefit od toa???gragjanite???a zosto da nemaat gragjanite benefit ednas barem?zosto mora kozata da ni ja oderat so davacki-a sme siromasni kao afrikanci??
Од: домат
Датум: 06.10.2010 11:03:49
Имам еден предлог .Сите автомобили во Р.М. со бугарски таблички да точат бесплатно бензин и дизел на сите бензински пумпи.Да видиме тогаш дали сме ги задоволиле нивните (скромни) апетити.Ако и тогаш не сме успеале нека повелат нека испорачаат ново барање.Ќе им ги отстапиме куќите ,имотите ,,....и.т.н.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Тиквешиjата во агониjа
Грција бара сојузник во Кина
Штаб нема, ама истрага за Глигоров - има!
Засекогаш во срцата на своите обожаватели
Политиката и „Макфест“
А1
Пандев не може да ја смени публиката
Секој втор Македонец користи интернет
Загубена деценија
Грција бара сојузник во Кина
Нобелова награда за докторот кој „создаде“ дете од епрувета
Пет милиони евра вреден грабеж во БиХ
Триесет години ја крие хомосексуалностa?
Владата се фали и кога губи
Гоце Смилевски доби награда за литература од ЕУ
Тадиќ не се сретна со бившата сопруга - сега калуѓерка
Турција за две години ќе лансира сателит во вселената
Стил






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma