Тодоровска се враќа во репрезентацијата
Екскапитенот Наталија Тодоровска од денеска и официјално се враќа во македонската ракометна репрезентација. Таа неодамна повторно почна да тренира откако во декември објави крај на кариерата, а со цел да му помогне на националниот тим во квалификациите за Европското првенство во Данска и во Норвешка. На 26 мај Македонија и' гостува на Литванија, а четири дена подоцна ја пречекува Холандија.
Покрај Тодоровска, селекторот Јосиф Петковиќ за миниподготовките од 5 до 9 мај, кои ќе почнат попладнево, повика уште деветмина играчи од домашното првенство. Покана добија: Андреева, Мечевска, Десподовска, Бајрамовска и Елена Ѓорѓиевска од Металург, Младеновска од Кале Кичево, Срњакова од Жито Прилеп и Хофман-Стојановиќ од Ѓорче Петров. (Р.Д.) |