Број 3274  среда, 05 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Џон Хигинс ја продаде честа за 300.000 фунти

Новинар на „Њус оф д ворлд“ му ја понудил таа сума за да загуби фремови во наредни снукер мечеви, а тој ја прифатил

Уште додека се играше финалето на светското снукер првенство во Шефилд меѓу Нил Робертсон и Грем Дот (титулата ја освои Робертсон - 18:13) изби голем скандал, кој несомнено му нанесе огромна штета на овој се' популарен спорт.

Имено, „Њус оф д Ворлд“ објави дека Џон Хигинс, еден од синонимите за снукерот, заедно со својот менаџер Пет Мани, среде Киев, каде што замина на одмор по неочекуваната елиминација во Шефилд од Стив Дејвис, прифатил понуда од 300.000 фунти за да загуби фремови во четири различни мечеви во подоцнежната фаза од сезонава.

Таблоидот тврди дека ништо не е измислено и дека за договарањето на нелегалната парична размена поседува видео доказ. На транскриптот што го објави весникот 34-годишниот трикратен светски првак децидно ја прифаќа понудата да загуби фремови и тоа од новинар на таблоидот, кој се претставува како бизнисмен од Киев.

Претседателот на снукер федерацијата Нери Херн го суспендираше Хигинс од наредните турнири и кажа дека ќе следат и подрастични санкции. „Мора да се прати јасна и што е можно посилна порака дека таквите нешта немаат место во нашиот спорт. Никој нема да биде толериран, па ниту Хигинс. Најпрвин видов што е напишано во весникот, потоа го видов видеото и после се' не гледам причина зошто Хигинс не би бил суспендиран. Се' чувствувам лошо. Како некој силно да ме удрил во стомакот. Работиме жестоко на популаризација на снукерот и ова е голем чекор назад. Луѓето заслужуваат да гледаат чист спорт. Таков сакам да биде снукерот“, разочарано изјави Херн.

Џон Хигинс, пак, тврди дека настанот што се случил во Киев бил последица на неговиот страв за безбедноста. „Со сета моја чест, јас бев уплашен од разговорот во Киев. Кога ми понудија такво нешто сакав само што побргу да го напуштам хотелот и да се качам во авион за дома. Не знаев дали станува збор за руска мафија, или некој друг што сака да ме подмити. Сите оние што ме познаваат знаат колкава е мојата љубов за овој спорт. Во мојата 18 годишна кариера никогаш намерно немам промашено удар. Никогаш не би му го направил тоа на овој спорт. Јас сум 100 отсто чист“, изјави Хигинс.

Но „Њус оф д Ворлд“ е зачуден од ваквите коментари и открива дека истражувачкиот уредник имал три состанока со менаџерот на Хигинс во главниот град на Шкотска Единбург. Од разговорот се гледа дека менаџерот Мани сосема отворено зборува за Хигинс и местените натпревари. Наедно, објаснува како најдобро може да се намести снукер партија.

Инаку, како што кажавме на почетокот нов светски првак во снукер е Австралиецот Нил Робертсон „Победата на Робертсон не беше импресивна. Но, тоа беше така затоа што и на двајцата играчи по долгиот турнир им се случи пад на концентрацијата. Нил е одлично момче, одличен играч и ќе биде одличен светски шампион за снукерот. Многу му е тешко што е далеку од своето семејство и другари во Мелбурн. Девет месеци е надвор од својата земја и затоа беше толку емотивна реакцијата на неговата мајка Аманда во салата по завршувањето на финалето. Робертсон ги заслужи моментите на славата. Работеше за тоа и сега нека ужива.“, вели коментаторот на „Еуроспорт“, Дејв Хендон.

Робертсон е првиот Австралиец со оваа титула, но и првиот светски шампион кој доаѓа надвор од границите на Велика Британија и Ирска по Канаѓанецот Клуф Торбрн во 1980 година.


#
Статијата е прочитана 683 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Денес во Скопје
Сега не вредат солзите за Победа
Борбено реми во мечот за светски првак во шах
Абрамович сака да се реши од Џо Кол
Рондо го разигра Бостон како некогаш Кузи
Првенство во атмосфера на фанатизам
Тодоровска се враќа во репрезентацијата
Фени индустри го возвраќа ударот