Број 3274  среда, 05 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Рондо го разигра Бостон како некогаш Кузи

Со победата од 104:86 во Кливленд, селтикси израмнија на 1:1 во полуфиналето на Истокот

Кошаркарите на Бостон дојдоа до предност на домашен терен откако славеа во вториот меч против домашниот Кливленд со 104:86 и израмнија на 1:1 во полуфиналето на Истокот.

Најефикасен во гостинскиот тим беше Реј Ален со 22 поена, додека Рејжон Рондо имаше 19 асистенции, со што го израмни клупскиот рекорд во доигрувањето, кој до сега беше во рацете на легендарниот Боб Кузи.

Бостон во првиот натпревар испушти 11 поени предност, а во овој имаше и 25 при резултат 91:66, девет минути пред крајот. Меѓутоа, Кливленд направи серија од 15:0 и дојде до 93:83 на три минути пред последниот свиреж на сирената, но сили за пресврт, сепак, немаше. Најефикасни кај Кливленд беа Леброн Џејмс и Ентоан Џејмисон со по 16 коша.

По три дена одмор поради повреда на колкот, во тимот на Феникс се врати Стив Неш и натпреварот со Сан Антонио го одигра одлично, постигна 33 коша и имаше 10 асистенции. Одлична помош имаше од Ричардсон со 27 и Стодемајер со 23 коша. Џинобили со 27 и Данкан со 20 поени и 11 скока беа најдобри поединци во редовите на Сан Антонио.

Резултати: Кливленд - Бостон 86:104 (резултат во серијата 1:1) и Феникс - Сан Антонио 111:102 (1:0).


#
Статијата е прочитана 234 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Денес во Скопје
Сега не вредат солзите за Победа
Борбено реми во мечот за светски првак во шах
Абрамович сака да се реши од Џо Кол
Првенство во атмосфера на фанатизам
Џон Хигинс ја продаде честа за 300.000 фунти
Тодоровска се враќа во репрезентацијата
Фени индустри го возвраќа ударот