Бум ТВ ќе се плаќа преку СМС
Мобилниот оператор „Оне“ воведе промоција за сите нови корисници на ТВ Бум. Корисниците кои во текот на промотивниот период ќе одлучат да станат претплатници на ТВ Бум ќе добијат промотивна „Оне“ при-пејд СИМ-картичка со вклучени 100 денари бесплатно време за разговор.
Промоцијата се однесува само на поединечните корисници на ТВ Бум, но не и за пакетите со две или три услуги и ќе важи ограничен временски период.
При-пејд корисниците на мобилната телефонија „Оне“ од вчера можат со испраќање СМС-порака да плаќаат за поединечната услуга на ТВ Бум.
Цената на СМС-пораката изнесува 5,9 денари, независно од тарифниот модел на корисникот. (А.С.) |