Приходите во првиот квартал 6,77 млр. долари
ЊуЈорк - „Гугл“, во првото тримесечје од оваа година забележа приходи од 6,77 милијарди долари, додека во истиот период лани таа бројка била 5,51 милијарди долари. Нето-приходите достигна 5,06 милијарди долари, што е за 2,2 отсто повеќе во однос на сезонски силното четврто тримесечје и од просечната анализа на аналитичари од 4,95 милијарди долари. „Гугл“ забележа и нето-профит од 1,96 милијарда долари или 6,06 долари по акција. (МИА) |