Србија го напушта ЈАТ и формира „Србија ер“
Српската влада реши да крене раце од својата национална авиокомпанија „ЈАТ ервејз“ и да ја остави да пропадне, а наместо неа ќе формира нов авиопревозник, што најверојатно ќе се вика „Србија ер“. Ова го јавија агенциите, додавајќи дека српскиот премиер Мирко Цветковиќ изјавува оти забрзано се бара решение за конечната судбина на националната авиокомпанија.
Се очекува новата авиокомпаниј�� од ЈАТ да го преземе пазарот, пилотите и потребниот број од останатиот персонал, како и дел од дестинациите, со што „Србија ер“ ќе има добар старт, а долговите од 146 милиони евра ќе му останат на ЈАТ.
Според гласиштата, се очекува стратешкиот инвеститор во новата српска авиокомпанија да инвестира 300 милион�� евра.
Основањето нова авиокомпанија се доведува во врска со преговорите со турскиот авиопревозник „Туркиш ерлајнс“. Турците имаат амбиција да станат водечка авиокомпанија на Балканот и затоа се заинтересирани за преземање на ЈАТ, но не и на вишокот вработени и на долговите. (Ек.Р.) |