ММФ „скенира“ колкав би бил заемот
Екипа на Меѓународниот монетарен фонд вчера допатува во Атина за да ја утврди висината на евентуалниот заем, кој на Грција, поради тешката економска состојба во која се наоѓа, би требало да и' помогне. Експерти на ММФ веќе две недели се во мисија во Грција и во улога на советници и' помагаат на Владата во врска со ригорозните мерки за решавање на кризата.
Грција до крајот на оваа година треба да собере 54 милијарди евра за покривање на долгот и буџетскиот дефицит, а моментно државниот долг на Грција изнесува 300 милијарди евра.
Земјите-членки на еврозона пред половина месец договорија инструмент за помош на Грција, во кој се предвидуваат усогласени билатерални заеми на државите во соработка со Меѓународниот монетарен фонд. (Ек.Р.) |