Број 3262  вторник, 20 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Половните возила до 5.000 евра одат како алва

Увозниците тријат раце, но и се жалат дека Царината работела според стар каталог

Соња Маџовска

Половните автомобили што чинат до 5.000 евра со сите давачки најмногу се бараат, велат увозниците на стари возила. Голфови, опели, па и постари мерцедеси се најкупувани половни автомобили откако се намалија и акцизите и царината.

Увозниците тријат раце од драстично зголемената продажба, но постојано наоѓаат и забелешки. Сега се бунат дека Царината работела по стар каталог, поради што проценетата вредност на возилата била повисока за 200-300 евра. „Каталогот по кој Царината се утврдува вредноста на возилото е стар, односно од октомври 2009 година. Па, веќе е април, што значи дека е крајно време Царината да набави понов каталог, со што и цената на возилата ќе биде пониска во просек за 200-300 евра, за помалите автомобили“, се жали еден од увозниците на стари автомобили.

Сепак, тие велат дека од првичниот хаос на Царината до денеска има голема разлика. „Малку се намали метежот. Сега полесно се дише. И понатаму имаме многу нарачки. Најмногу се бараат возилата што чинат до 5.000 евра. Тоа се ’голф‘, ’ауди А4‘, ’опел астра‘, ’корса‘, па и ’мерцедес‘ Е и Ц класа. Редиците на Царина се намалија, сега се чека околу еден месец за таблички. Полицијата долго ги прави проверките“, вели Љупчо Трајковски, увозник на половни автомобили.

Според него, почната е и пререгистрацијата на бугарските возила, но само оние што се произведени до 1995 година. Од околу 50 илјади бугарски возила, колку што се возат во земјава, според некои процени, досега се пререгистрирани само 725 возила. Најчесто овие автомобили се постари од 1995 година, па затоа не може да ги исполнат техничките критериуми.

Овие возила ќе мора да се пререгистрираат до септември, бидејќи потоа ќе стапат во сила законските мерки според кои ќе биде дозволен престој на возила во земјава со странски регистарски таблички само шест месеци во годината. Доколку до септември сопствениците на овие возила не ги пререгистрираат ќе плаќаат и казни. Владата и за ова прави кампања, но сопствениците на бугарски возила велат дека не е така едноставно како што уверува власта.

Инаку, од Царинската управа соопштија дека за еден месец откако стапија на сила пониските царини и акцизи, се увезени околу 7.500 возила.

Увозниците на нови возила, пак, уверуваат дека иако имаат намалување во продажбата, тоа ќе го надоместат откако оние што сега купуваат стари автомобили ќе увидат дека многу ќе ги чини нивното одржување.

Во прилог на навалицата за купување возила и АМСМ соопшти дека од вчера, па се' до 1 јули годинава, се намалени цените за технички преглед и за хомологација при увоз на возила, при што регистрацијата на моторното возило што досега изнесуваше 1.416 денари сега чини 799 денари. Пониски се цените и за хомологација. Таа досега чинеше 4.800 денари, а до почетокот на јули ќе изнесува 2.830 денар��.


#
Статијата е прочитана 2533 пати.

Испрати коментар

Од: Vlado
Датум: 20.04.2010 04:21:12
За да нема возила со странски таблички да се намали целосно регистрацијата и правилата за хомологација. Како е можно возило со сертификат еуро 1 и технички исправно да не може да регистрира поради тоа што на накој му текнало да си го поправи стандардот како што му одговара и царината да си го зголеми нивото на толеранција од каталогот на шфаке и да бидат по либерални и да прават споредба барем со веб огласниците или некои други магазини за стари возила.
Од: Oliver
Датум: 20.04.2010 12:08:55
Konecno i obicnite luge da dojdat do vozilo. Dosega samo gazdite vozea novi i besni koli, a obicnite luge moraa da go dadat i posledniot denar ili da zemaat skapi krediti. Modebi DDVeto trebase da bide namaleno na 5% sto znacitelno ke gi namalese cenite. Vo sekoj slucaj odlicna odluka na Vladata.

Најди! во Утрински
Економија
Странците бараат цела кошула наместо лон
Сите гледаат на цена кога избираат фиксен и мобилен
Груевски
Приходите во првиот квартал 6,77 млр. долари
Бум ТВ ќе се плаќа преку СМС
ММФ „скенира“ колкав би бил заемот
Паднаа акциите на „Луфтханза“
УНИ банка со нови промотивни тарифи
Србија го напушта ЈАТ и формира „Србија ер“