Паднаа акциите на „Луфтханза“
Акциите на германската авиокомпанија „Луфтханза“, најголем авиопревозник во Европа, вчера значително паднаа при отворањето на Берзата во Франкфурт. Акциите на „Луфтханза“ паднаа, бидејќи во изминатите неколку дена не беа извршени летови над Германија поради облаците од вулканска пепел над Европа, иако беше објавено дека денеска попладне германскиот воздушен простор ќе биде отворен за сообраќај. По падот, акциите на фирмата подоцна се зголемија, но, сепак, се на ниво за 5 отсто пониско во однос на петокот. (Ек.Р.) |