Број 3452  четврток, 09 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Свет

Бомбаш-самоубиец разнесе 16 лица

КОХАТ - Бомбаш-самоубиец вчера се крена во воздух покрај преполн автобус во северозападниот дел на Пакистан, при што загинаа најмалку 16 лица. Пакистанските власти поддржани од САД се соочуваат со талибански бунтовници што ја поддржуваат кампањата со самоубиствени бомбашки напади како пркосење на серијата воени офанзиви почнати минатата година против нивните упоришта во северозападниот дел од земјата. „Момче на возраст од 18 до 20 години, кој имал околу шест килограми експлозив, го изведе нападот“, изјави Дилавар Бангаш, полициски началник во градот Кохат каде што се случи вчерашниот бомбашки напад. Шеснаесет лица беа повредени, посочија болнички извори.

Очевидецот на настанот, Инајат Оракзаи, рече: „Автобусот, кој беше полн со патници, се подготвуваше да тргне кога тинејџерот се приближи до вратата на автобусот и се крена во воздух“. Пакистанското талибанско движење, кое е поврзано со Ал Каеда, ја презеде одговорноста за двата самоубиствени бомбашки напада врз комплексот канцеларии на владини официјални претставници во регионот Мохманд во северозападниот дел на земјата што се случија во понеделникот каде што загинаа најмалку 40 лица. Бомбашите го извеле нападот додека беше во тек состанокот за изнаоѓање начини за зајакнување на племенските милиции формирани за да и' помогнат на власта да се бори против милитантите.

Тајните американски дипломатски депеши објавени на „Викиликс“ поведоа прашања за заканите што доаѓаат од пакистанските милитантни групи, за власта во Исламабад и за нејзиниот сојузник Вашингтон. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 307 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Тепачка пред Миланска Скала поради крaтење на буџетот
Политичките партии ставаат капа врз студентите во Грција
Tврдоглавоста на Израелците ги деморализираат САД
Австралија ги обвини САД за „Викиликс“
Франција им суди на 14 соработници на Пиноче
Руски авиони упаднаа на американско-јапонска воена вежба
ЕУ-силите не можат да ги спречат пиратите
Во пожар во затвор загинаа над 80 лица
 

Bulgaria angry at France blocking Schengen entry
Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud