ЕУ-силите не можат да ги спречат пиратите
Пиратите што оперираат во близина на брегот на Сомалија нема да бидат поразени само со употреба на сила, изјави висок европски поморски офицер. „Спорно е колкав е заплашувачкиот ефект на силите за борба против пиратите“, изјави Томас Ернст од оперативната група на ЕУ „Навфор“ за борба против пиратството. Уште многу треба да се направи за да се сопре приливот на пари до пиратските банди и цел да бидат нивните лидери, додаде тој.
Меѓународните поморски сили досега годинава спречија 120 пиратски напади, во споредба со 21 во 2009 година. Сомалиските пирати „ги развија своите капацитети и сега имаат влијание врз голема област“, рече Ернст, кој е заменик-командант за операции во „Навфор“. Присуството на меѓународните сили во близина на сомалискиот брег и во Аденскиот Залив ги притисна пиратите длабоко во морето каде што киднапираат поголеми бродови. Неодамна пиратите оперираа подалеку на југ дури до Танзанија и Мадагаскар,. (Би-Би-Си) |