|
|
|
|
|
|
Руски авиони упаднаа на американско-јапонска воена вежба
ВЛАДИВОСТОК - Руски авиони долетаа во регионот на заедничката американско-јапонска воена вежба, изјави вчера портпаролот на морнарицата, заострувајќи ги тензиите во територијалниот спор меѓу Токио и Москва. „Областа е наша зона на одговорност. Авионите спроведуваа планирани летови во областа, во рамките на редовните активности на руската Пацифичка флота“, изјави Роман Марков, портпарол на флотата. „Нашите пилоти не повредија ниту еден меѓународен воздушен простор“.
Руски патролни авиони ги нарушиле заедничките американско-јапонски воени вежби што се одржуваат оваа недела кога влегле во воздушниот простор каде што се спроведуваа вежбите во Јапонското Море. Марков изјави дека два авиона од типот „илјушин 38“ - поморски патролни и противподморнички летала - ги извеле летовите.
Врските меѓу Јапонија и Русија се влошени откако рускиот претседател Дмитриј Медведев во ноември го налути Токио со тоа што стана првиот руски лидер што посети еден од синџирот острови кон кои имаат претензии и двете земји. Неговата посета на островите, наречени Јужни Курили во Русија и Северни Територии во Јапонија, беше причина Токио да го повика својот амбасадор за консултации.
Советскиот Сојуз окупираше четири острови на крајот од Втората светска војна и територијалниот спор оттогаш ги оптоварува односите меѓу Токио и Москва, спречувајќи потпишување формален мировен договор. Јапонскиот министер за надворешни работи, Сеиџи Маехара, во саботата ги виде островите од авион, и во медиумските извештаи се шпекулираше дека руската акција можеби е одговор на тој потег. Русија во саботата одговори на тој начин што кажа дека секоја земја може да ги гледа „природните убавини на Русија“. (Ројтерс) |
#
|
Статијата е прочитана 1117 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: девичанецот |
Датум: 09.12.2010 12:55:40 |
|
Последниот пасус Ви е многу едностран. По завршетокот на Втората Светска војна, која на далечниот исток заврши дури есента 1945 година, беа исцртани границите и на далечниот исток. И тие се до ден денешен.
Мадведев си ја посетил својата територија, зарем за неа дозвола од Јапонците треба да бара.
А Јапонците што така реагираат, тоа им се само политички поени..оти таму во просек последните години еднаш годишно паѓа Владата. |
|
|
|
|
|
|
|
|