Број 3452  четврток, 09 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Свет

Австралија ги обвини САД за „Викиликс“

Протекувањето на информациите го поведоа прашањето за „компетентноста“ на американската безбедност околу телеграмите

БРИЗБЕЈН - Австралиските власти вчера ги обвинија САД, а не основачот на „Викиликс“ за неовластеното објавување на околу 250.000 тајни американски дипломатски телеграми и соопштија дека оние што првично ги пуштиле документите во јавноста се правно одговорни. Министерот за надворешни работи, Кевин Руд, исто така, изјави дека протекувањето на информациите поведоа прашања околу „компетентноста“ на американската безбедност околу телеграмите. „Господинот Асанж самиот не е одговорен за неовластеното објавување на 250.000 документи од американските дипломатски комуникациски мрежи“, изјави Руд во интервјуто за Ројтерс. „Американците се одговорни за тоа“, рече Руд, кој во една од протечените телеграми беше опишан како „манијак за контрола“.

Основачот на „Викиликс“, Асанж, вчера застана во одбрана на својот интернет-сајт, велејќи дека е од круцијално значење за ширење на демократијата и се спореди себеси со глобалниот медиумски барон Руперт Мардок во потрагата по објавување на вистината. Асанж ги налути САД и владите низ светот со објавувањето детали од тајни американски документи. Оригиналниот извор на протекувањето е непознат, иако војникот во американската армија, кој работел како аналитичар на разузнавачки информации во Ирак, Бредли Манинг, е обвинет од воените власти за неовластено симнување на повеќе од 150.000 преписки на Стејт департментот. Американски официјални лица одбија да кажат дали тие депеши се истите што сега се објавени од страна на „Викиликс“.

Асанж во вторникот беше вратен во притвор од страна на британскиот суд поради тврдења за сексуално насилство во Шведска. „Мислам дека треба да се постават вистински прашања за компетентноста на нивните (САД) безбедносни системи и нивото на пристап што го имале луѓето до тој материјал во подолг временски период“, рече Руд. „Основната одговорност, а со тоа и правната одговорност, е кај оние индивидуалци одговорни за тоа првично неовластено објавување“, рече тој.

Во коментарот во „Австралиски весник“ на Мардок, под наслов „Не убивајте го курирот за обелоденување на непријатни вистини“, Асанж вели дека „Викиликс“ заслужува заштита, а не напади. „Во 1958 година младиот Руперт Мардок, тогаш сопственик и уредник на „Њус“ од Аделаида, пишува: ’Во трката меѓу тајноста и вистината изгледа неминовно дека вистината секогаш ќе победи’“, пишува Асанж.

Тој го цитира покојниот Кит Мардок, татко на Руперт, кој за време на Првата светска војна ја обелодени непотребната загуба на животи на Австралијци на Галиполе, каде што австралиските војници под британска команда беа масакрирани во неуспешен напад врз Турците. „Кит Мардок не беше замолчен и неговите напори доведоа до престанок на катастрофалната битка на Галиполе“, пишува Асанж. „Речиси еден век подоцна ’Викиликс‘, исто така, бестрашно објавува факти што мора да бидат обелоденети во јавноста“.

Асанж не го коментираше неговото апсење во Британија откако Шведска издаде европски налог за апсење по тврдење за сексуално насилство. Асанж (39) ги негира обвиненијата и беше вратен в затвор до следното сослушување закажано за 14 декември. Асанж, 39-годишен Австралиец, се осврна на своето растење во мал австралиски град каде што луѓето „отворено го изнесуваат своето размислување “ и немаат доверба во влас��а. „’Викиликс’ беше формиран врз тие вредности“, пишува тој.

Тој додаде дека „Викиликс“ беше формиран како начин за користење на новата технологија во пренесување на вистината и додаде дека ниту една личност не е повредена од некоја информација објавена на него во последниве четири години. „Демократ��ките општества имаат потреба од силни медиуми и ’Викиликс‘ е дел од тој медиум. Медиумите и' помагаат на власта да биде искрена. ’Викиликс‘ обелодени некои тешки вистини за војните во Ирак и во Авганистан, и пренесе стории за корпоративна корупција“, напиша тој.

Асанж праша зошто само „Викиликс“ е цел на напад кога и други медиуми, како што се британски „Гардијан“, „Њујорк тајмс“ и германски „Дер шпигел“, исто така, објавија американски документи. „Се поставува друго и секундарно правно прашање... а тоа е правните обврски на одговорните за ширење на таа информација, без разлика дали тоа е ’Викиликс‘, Ројтерс или станува збор за некој друг“, рече Руд.

„Викиликс“ вети дека ќе продолжи со објавување детали од тајни американски документи до кои успеа да дојде. Во понеделникот Руд ги бранеше односите на Австралија со Кина како „одлучни“ откако документ објавен на „Викиликс“ покажа дека тој го советувал Вашингтон дека можеби треба да се употреби сила за да се сопре Пекинг. Во друга телеграма се вели дека Руд бил „манијак за контрола“, фокусиран за медиумите. Руд вчера изјави дека Австралија ќе му обезбеди на Асанж конзуларна помош во врска со судските сослушувања во Британија околу неговата можна екстрадиција во Шведска.

Британскиот адвокат на Асанж, Марк Стивенс, изјави дека ќе биде доставено ново барање за кауција и дека неговиот клиент е „добро“. Тој додаде дека голем број луѓе сметаат оти прогонот е политички мотивиран. Меѓутоа, шведското обвинителство беше цитирано во весникот „Автонбладет“ како посочува дека случајот не е поврзан со скандалот со „Викиликс“.

Австралискиот министер за надворешни работи, исто така, изрази загриженост поради смртните закани упатени кон Асанж. „Ние сме загрижени за безбедноста и сигурноста на сите Австралијци. Луѓето не треба да бидат цел од такви закани“, рече Руд. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 556 пати.

Испрати коментар

Од: cento
Датум: 09.12.2010 17:04:05
konecno se najde eden sto sobral sila da mu napravi kontra na amerite:::::

Најди! во Утрински
Свет
Тепачка пред Миланска Скала поради крaтење на буџетот
Политичките партии ставаат капа врз студентите во Грција
Tврдоглавоста на Израелците ги деморализираат САД
Франција им суди на 14 соработници на Пиноче
Руски авиони упаднаа на американско-јапонска воена вежба
ЕУ-силите не можат да ги спречат пиратите
Бомбаш-самоубиец разнесе 16 лица
Во пожар во затвор загинаа над 80 лица
 

Bulgaria angry at France blocking Schengen entry
Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud