Tврдоглавоста на Израелците ги деморализираат САД
РАМАЛАХ - Палестинците вчера посочија дека „тврдоглавоста на Израелците“ го натерале Вашингтон да се откаже од напорите за замрзнување на изградбата на еврејска населба и се запрашаа дали САД би можеле да им помогнат да ја добијат независноста. Јасрер Абед Рабо, висок палестински официјален претставник, изјави дека со обидот да се оживеат директните израелско-палестински преговори, кои сега во ќор-сокак, САД предлагаат враќање на индиректните разговори, како обид да се извлече мировниот процес од длабоката криза.
Палестинците побараа запирање на изградбата на израелска населба во Западниот Брег и Источен Ерусалим пред постигнување согласност за продолжување на директните разговори во напорите за формирање суверена палестинска држава што ќе егзистира покрај Израел. Под раководство на САД, во септември израелските и палестинските лидери одржаа три рунди разговори. Но, Палестинците се повлекоа кога на 26 септември заврши 10-месечното замрзнување на изградбата на населба во Западниот Брег.
Израел соопшти дека замрзнувањето на изградбата на населбата е предуслов што никогаш не постоел во претходните фази од 20-годишниот мировен процес. Се наведува дека на палестинскиот претседател Махмуд Абас му требало многу време да седне на разговори откако премиерот Бенјамин Нетенјаху во ноември 2009 година прогласи привремен мораториум.
Палестинците одбија, бидејќи замрзнувањето на изградбата на населба не го вклучуваше Источен Ерусалим. САД соопштија дека тоа е голем неуспех за претседателот Барак Обама, кој верува дека решавањето на блискоисточниот конфликт е „од витален национален безбедносен интерес“, изјави Абед Рабо. Кога во септември почнаа разговорите, Обама изјави дека се надева оти ќе биде потпишан мировен договор за една година. (Ројтерс) |