Во пожар во затвор загинаа над 80 лица
САНТИЈАГО - Пожар изби вчера во затвор во чилеанскиот главен град при што загинаа 81 затвореник и голем број други беа повредени, вклучувајќи и пожарникар, посочија затворски официјални претставници, во несреќата, најлоша досега во затворскиот систем на земјата. „Се обидуваме да ги идентификуваме 81 затвореник“, изјави портпаролот на државниот затворски систем. Веднаш не беше јасно што го предизвикал пожарот. Од телевизиските снимки се гледаа како пламени јазици го голтаат затворот „Сан Мигел“ и црн чад се крева од објектот. (Ројтерс)
|