Брoj 2782  вторник, 09 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Наковска - Бикова петта во воздушен пиштол

На Оливера Наковска-Бикова и' избега медалот и на 13. Параолимписки игри во Пекинг, како што и' се случи и на претходните ПОИ 2004 во Атина. Тогаш македонската стрелачка го освои шестото место во дисциплината воздушен пиштол од 10 м, а овој пат се искачи една позиција погоре. Но, тоа е слаба утеха за втората на светската ранг-листа, која медалот го испушти во последната серија од финалето, кога испука само 8,9 круга, иако претходниот истрел и' беше 10,5! Медалот побегна за само 0,5 поени: Наковска-Бикова собра вкупно 462,1 поени, а освојувачката на бронзениот медал Наталија Далекова од Русија имаше 462,6.

Ванчо Каранфилов, пак, потфрли во истата дисциплина, во која заврши дури на 27. место меѓу 34 натпреварувачи со скромни 549 круга. Пред четири години тој во основниот дел испука тогашен европски рекорд од 570 поени, за потоа во финалето да го освои сребрениот медал.

Наковска-Бикова и Каранфилов утре од 3 ч. по македонско време ќе настапат во квалификациите во спортски пиштол од 25 м. (Р.Д.)


Статијата е прочитана 51 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Гајдите стивнати, претстои берба на „лалињата“
Шкотите реагираат зашто не можеле да влезат на Јужна
Хамилтон казнет, Маса победник на лудата трка во Белгија!
Одбојкарите ја пишуваат историјата
Израмнети сметките со Португалците
Французите шокирани во Виена
Серена Вилијамс по трет пат славеше во Њујорк
Тони Савевски нов тренер на Црвена звезда?
Металург со една нога во ракометната ЛШ
Ѓорчепетровки почнаа со пораз во Регионалната лига
Португалките славеа во финишот во Скопје