Серена Вилијамс по трет пат славеше во Њујорк
Американката Серена Вилијамс со победата над Јелена Јанковиќ од 6:4, 7:5 во финалето на Ју - Ес опен дојде до својата деветта Гренд слем титула во кариерата и прво место на ВТА листата.
Исто така со оваа победа Серена заработи милион и пол долари, со што дојде на третото место на листата на заработка на сите времиња.
Нешто повеќе од два часа траеше ова финале во кое Јанковиќ на дланка го имаше барем влегувањето во третиот сет. Бидејќи откако загуби со 4:6 во првиот сет во вториот заигра далеку подобро, па ја принуди Американката на повеќе грешки. Продукт на тоа беше водство од 5:3 и 40:0 на сервис на Вилијамс. Но тие три сет топки останаа неискористени. При 5:4 имаше нова прлика на свој сервис да го освои сетот, и откако спаси четири брејк топки, дојде до нова сет топка. Во тој момент направи двојна сервис грешка.
Истата невнимателност ја направи и во моментите кога се обидуваше да извлече тај брејк и логично тие големи грешки на крајот скапо ги плати. Серена ги освои последните четири гема, како и 13 поени од последните 19.
„Мислам дека ја имав. Серена беше тотално скршена при крајот на вториот сет. Навистина изгледаше заморена. Голема штета е што неискористив многу шанси во тој сет, бидејќи кој знае што ќе се случеше во решавачкиот. Имам впечаток дека јас ќе бев поблиску до победата. Бев посвежа“, изјави Јанковиќ по мечот.
Вкупно Серена имаше 39 неизнудени грешки во финалето, Јанковиќ 22. Но затоа дури 44 пати Серена директно поентираше, додека Јанковиќ само 15.
„Се чувствувам како да сум на почетокот на својата кариера. Ова е фантастично“, викаше Срена која на овој Гренд слем му се радуваше како да и прв. Инаку, ова и е трет трофеј во Њујорк, по 1999 година и 2002. |