Брoj 2782  вторник, 09 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Хамилтон казнет, Маса победник на лудата трка во Белгија!

Возачот на Мекларен доби 25 секунди плус поради некоректен дуел на патеката со Раиконен, кој излета

Возачот на Мекларен Луис Хамилтон мина прв низ целта, но стјуардите по прегледување на снимката одлучија да го казнат со 25 секунди поради сечење на свиокот „Бас стоп“ во драматичната борба со Кими Раиконен во 42 круг. Така Маса е прв, Хајдфилд втор, а Хамилтон трет, па сега Бразилецот му се приближи на Хамилтон на само два бода.

Ова е веќе втора трка во низа на која судиите му одат на рака на тимот од Маранело. Пред две недели во Валенсија Маса за малку ќе предизвикаше судар во боксот, кога прерано излета пред Адријан Сутил, но остана неказнет.

Коментарите во светските медиуми се најразлични. Од оние кои велат дека Хамилтон требал да биде казнет, па до оние спротивните кои велат дека така морал да реагира поради тоа што бил оттурнат од Раиконен. Како и да е, овие одлуки на ФИА на зелената маса фрлаат црна дамка на овој спорт, во кој сега победуваат и возачи кои во ниту еден момент не воделе во трката.

На прес - конференцијата Хамилтон изјави дека се молел да почне да врне и тоа се случи. Дождовниот човек, феноменалниот во такви услови Хамилтон, доби дожд, но на крајот тој и судиите му ја земаа победата.

„Ова е најсрамната одлука во историјата на Ф1. Апсолутно е неприфатливо три стјуарди вака да влијаат на шампионатот“, изјави бившиот светски шампион, а сега телевизиски коментатор Ники Лауда.

Британскиот „Дејли Мејл“ пишува дека Ф1 не може да биде посмешна. „Наместо да се слави еден од најголемите дуели во овој спорт меѓу вистинските генијалци Раиконен и Хамилтон и неверојатната победа на вториот, пак се коментира за катастрофични одлуки“, се вели во текстот.

Самиот Хамилтон беше многу прибран во изјавите.

„Јас во таа ситуација морав така да реагирам. Бев просто истуркан од Раиконен. Сега претстојат тешки битки. Треба да го победам Ферари на негова почва. Тврдам дека за наредната трка ќе бидам уште поцврст и посилен“, порача Хамилтон.

 


Статијата е прочитана 379 пати.

Испрати коментар

Од: Milenko negativ
Датум: 09.09.2008 07:38:15
Posle se nema formula 1.Da zivee FERARI 1.
Од: Lazo
Датум: 09.09.2008 14:39:42
Pogolema sramota od ova ne sum videl. Neka mu ja dadat titulata na Ferari i gotovo.Te na Kovalainen go pracaat 10 sekundi vo boks, na Hamilto 25 sekundi mu dodavaat, na Masa sto ce go utepase Vetel na proslata trka go kaznuvaat , zamislete posle trkata paricno. Se gleda koi nacisti i pederi upravuvaat so F1. Barem deckoto od Mclaren im pokaza kako se vozi.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Гајдите стивнати, претстои берба на „лалињата“
Шкотите реагираат зашто не можеле да влезат на Јужна
Одбојкарите ја пишуваат историјата
Израмнети сметките со Португалците
Французите шокирани во Виена
Серена Вилијамс по трет пат славеше во Њујорк
Тони Савевски нов тренер на Црвена звезда?
Наковска - Бикова петта во воздушен пиштол
Металург со една нога во ракометната ЛШ
Ѓорчепетровки почнаа со пораз во Регионалната лига
Португалките славеа во финишот во Скопје