Тони Савевски нов тренер на Црвена звезда?
Зденек Земан по само 85 дена работа е избркан од „Маракана“, а за негов наследник фигурираат имињата на бившите асови на Црвена звезда Дујковиќ, Пижон, како и на македонската фудбалска легенда Тони Савевски. Српските медиуми пишуваат дека комбинацијата со Савевски се темели на неговото блиско пријателство со новиот директор на црвено - белите Илија Ивиќ, кој дојде од Атина. Тие двајцата беа и соиграчи во АЕК.
„Овој битолчанец покрај играчка има и успешна тренерска кариера. Работеше на Кипар, а со Омонија во 2003 година ја освои шампионската титула и Суперкупот. Во редовите на црно-жолтите го врати токму Ивиќ, кога стана директор и оттогаш раководи со младите категории на клубот. Ако новиот оперативец на Црвена звезда остане доследен на ставот дека никому нема да му дозволи мешање во работата и ако касата на црвено - белите тоа може да го издржи, варијантата со Савевски е остварлива“, пишува „Блиц“, кој дополнува дека сериозни кандидати се и Георге Хаџи и Миодраг Божовиќ, центархалф на Звезда од деведесеттите, па печалбар во Холандија и Индонезија. |