Брoj 2782  вторник, 09 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Шкотите реагираат зашто не можеле да влезат на Јужна

ФФМ тврди дека постапила според правилата на ФИФА

Наум Котевски


По големата победа на македонската фудбалска репрезентација, шкотските медиуми остро ја нападнаа Фудбалската федерација на Македонија за тоа што не дозволила околу 1.000 шкотски фанови со купени влезници по улиците на Скопје да влезат на Јужна трибина.

„Скопје во саботата не беше место кое ви вели добредојде, барем не на многуте навивачи на Шкотска, кои со купени влезници за Јужната трибина останаа на улица тотално разочарани“, пишува „Скотланд он Сандеј“, пренесувајќи ја изјавата на одговорното лице за безбедност при Шкотската фудбалска федерација, Дерек Кирквуд. „Со оние навивачи кои си имаа влезници добиени преку нашата Федерација немаше проблем. Но, тие што купија влезници во Скопје за Јужната трибина не успеаја да влезат на стадионот. Ние направивме апсолутно се' што е во наша можност. И кажав на полицијата: ’Па, погледнете ги овие момци, тоа се пристојни навивачи, најдобри во светот, ве молам да ги пуштите внатре. Знам дека купиле влезници на улица, но ве уверувам дека нема да направат никаков проблем‘. Но, следеше дециден одговор од полицијата: ’Не може!“, вели Кирквуд.

ФФМ е зачудена од ваквите написи, тврдејќи дека работела според прописите на ФИФА и според барањата на ФФ на Шкотска и на полицијата.

„Навистина чудат ваквите изјави. Правилата на ФИФА се јасни: како домаќини треба да им обезбедиме на гостите седум отсто од влезниците, односно 800. Ние дозволивме 1.000 билети за Источната трибина“, вели портпаролот на ФФМ, Зоран Николовски, напоменувајќи дека токму ФФ на Шкотска и шкотската полиција барала строги мерки на безбедност, односно немешање на навивачите. „Добивме официјално известување од нивната Федерација во кое се вели дека ќе дојдат многу повеќе навивачи отколку што има влезници. Тие побараа навивачите да бидат одвоени, впрочем таква е праксата на сите стадиони. Затоа и ние ја известивме јавноста дека секој навивач може да купи најмногу две влезници за Јужната трибина, и тоа со лична карта. Ние ги имаме податоците на сите фанови кои купиле влезница и тие ќе и' ги дадеме на полицијата. Таа понатаму ќе треба да направи истрага кој им препродавал влезници на шкотските навивачи. Работите се кристално јасни. Шкотските навивачи не купиле од ФФМ влезници за Јужна, туку од препродавачи и со тие влезници не можеа да влезат. Да постапевме обратно и не дај боже да се случеше нешто лошо, тогаш поинаку ќе се коментираше“, вели Николовски, додавајќи дека за мечот со Холандија работите ќе бидат поинакви. „Холандската фудбалска федерација не' извести дека се очекуваат околу 500 Холанѓани, па оттаму е решението да можат да се купуваат влезници за Јужна без лична карта“.


Статијата е прочитана 986 пати.

Испрати коментар

Од: Наум
Датум: 09.09.2008 01:08:46
Убаво беше кажано дека нема да се пуштаат Шкотски навивачи на јужна трибина, никој не им е крив што купуваа карти од препродавачи. Вистина се најдобрата публика што сум ја видел до сега, ама правила си се правила. А нашата полиција далеку поидиотски се однесува спрема нас, навивачите на Македонија. Прво не ме пуштаа со клуч (многу се паметни, ќе фрлам со клуч и после нема да можам да влезам дома), после ме претресиа уште два-три пати, се мислеа дали да ме пуштат со мобилен (аха јас ќе фрлам и со мобилен), после мечот не не пуштаа најмалце 20 минути да излеземе од стадион на таа горештина... Најсељачка полиција имаме на светот.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Гајдите стивнати, претстои берба на „лалињата“
Хамилтон казнет, Маса победник на лудата трка во Белгија!
Одбојкарите ја пишуваат историјата
Израмнети сметките со Португалците
Французите шокирани во Виена
Серена Вилијамс по трет пат славеше во Њујорк
Тони Савевски нов тренер на Црвена звезда?
Наковска - Бикова петта во воздушен пиштол
Металург со една нога во ракометната ЛШ
Ѓорчепетровки почнаа со пораз во Регионалната лига
Португалките славеа во финишот во Скопје