Ѓорчепетровки почнаа со пораз во Регионалната лига
Во својот прв натпревар по заминувањето на спонзорот Трифун Костовски ракометарките на Ѓорче Петров загубија во Загреб со 28:25 (15:11) од хрватскиот вицешампион Локомотива на стартот од Регионалната лига. Ѓорчепетровки почнаа ефикасно против тимот што го декласираа пред две седмици на Меморијалот "Винко Кандија" во Љубљана, поведувајќи со 8:2 и 11:7, но домашните возвратија со серија 8:0 и на полувремето заминаа со предност од четири гола. Во вториот дел од контри и полуконтри голот на европскиот првак од 2002 го наполнија Кнежевиќ (вкупно 10 гола) и Чоп-Анделишиќ. Јелена Поповиќ со осум гола беше најефикасна во гостинскиот тим, а Драгана Пецевска постигна четири. (Р.Д.) |