Португалките славеа во финишот во Скопје
Лошата игра по тајм-аутот на две минути до крајот при резултат 64:64 ги чинеше македонските кошаркарки прв пораз во Б-дивизијата од Европското првенство. Португалија од Скопје се врати со победа од 75:68 (15:20, 21:12, 19:19, 20:17), со која го запоседна врвот на табелата во групата Б, а Македонија утре и' гостува на Шведска.
Мечот во салата "Јане Сандански" го реши Софија Рамалјо со две тројки едноподруго по тајм-аутот и со две реализирани слободни фрлања.
Во другиот меч од групата Швеѓанките славеа во Луксембург со 73:31. Табела: Португалија 7 (3/1), Шведска 6 (3/0), Македонија 5 (2/1), Естонија 3 (0/3) и Луксембург 3 (0/3). (Р.Д.) |