Брoj 2782  вторник, 09 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Израмнети сметките со Португалците

Кошаркарите што лани отидоа на ЕП од групата на Македонија декласирани во Скопје со 85:48

Роберт Димитриевски


Македонските кошаркари ги понижија Португалците со 85:48 во второто коло од Б-групата од квалификациите за Европското првенство 2009 во Полска, враќајќи им со камата за минатогодишното разочарување на патот кон ЕП 2007, кога стартниот дебакл во Португалија ги чинеше (неуспешни) дополнителни квалификации, а зелено-црвените ги одведе директно во Шпанија. Избраниците на селекторот Јовица Арсиќ целосно се рехабилитираа и за минималниот пораз минатата среда во Летонија.

Португалците на почетокот од натпреварите во групата не се ни бледа сенка на пријатното изненадување лани во Шпанија, што драстично дојде до израз во првата четвртина од мечот во салата „Борис Трајковски“, која Македонија ја доби со дури 22:4. Тука беше решено прашањето на победникот, па македонските репрезентативци во продолжението можеа да си дозволат со егзибиции да ја забавуваат публиката што се изначека да почне средбата. Дури 40-тина минути траеше поправањето на семафорот.

Кога шоуто конечно почна, неочекувано во преден план беше Предраг Самарџиски, кој ги постигна првите шест поени за домашниот тим. Одлично прво полувреме, кое Македонија го доби со 44:24, одигра и Перо Антиќ, кој на тој начин се извади за луксузот да добие пет лични сосе техничка за само пет минути во Рига. Црвено-жолтите нагазија и во третиот период, добивајќи го со 27:14 за водство од 71:38 и на разбиената чета на Рамон Лопез и' стана јасно дека нема спас од кошмарот во Скопје.

„Одигравме извонредна одбрана во првата четвртина, што ни овозможи голема предност. Оттогаш па до крајот на мечот ни беше лесно“, изјави Арсиќ. И неговиот колега Лопез ги апострофира првиот период од играта: „Натпреварот го загубивме во првите 10 минути. Не одигравме така како што треба и поради тоа заслужено сме поразени“.

Македонија утре во 17 ч. и' гостува на Естонија, а Летонија ја пречекува Португалија.

Македонија - Португалија



По четвртини: 22:4, 22:20, 27:14, 14:10. Сала: „Борис Трајковски“ во Скопје. Гледачи: 5.000. Судии: Пападимитриу (Грција), Јовчиќ (Србија) и Цеков (Бугарија).

Македонија: В. Стефанов 23, Илиевски 7, Мираковски, Р. Стефанов 13, Стојановски, Блажевски 10, Тасовски, Гечевски 7, Антиќ 10, Гоцевски, Мејси 9, Самарџиски 6. Селектор: Јовица Арсиќ

Португалија: Тавареш, Кошта, Силва, Жа. Силва, Куња 9, Жо. Силва, Коелјо 2, Андраде 8, Марсал 2, Фернандеш 2, Евора 15, Миранда 4, Сантош 6. Селектор: Рамон Лопез.

Резултати и табели



Група А, петто коло: Унгарија - Бугарија 87:86, Србија - Италија 72:52. Финска слободна. Табела: Србија 9 (4/1), Бугарија 8 (3/2), Унгарија 7 (2/3), Финска 6 (2/2), Италија 6 (1/4). Следно коло, среда: Италија - Унгарија, Бугарија - Финска. Србија слободна.

Група Б, второ коло: Естонија - Летонија 81:88, Македонија - Португалија 85:48. Табела: Летонија 4 (2/0), Македонија 3 (1/1), Естонија 3 (1/1), Португалија 2 (0/2). Следно коло, среда: Естонија - Македонија, Летонија - Португалија.

Група Ц, второ коло: Украина - Франција 78:77, Белгија - Турција 63:78. Табела: Турција 4 (2/0), Франција 3 (1/1), Украина 3 (1/1), Белгија 2 (0/2). Следно коло, среда: Турција - Франција, Белгија - Украина.

Група Д, трето коло: Велика Британија - Чешка 87:68, Босна и Херцеговина - Израел 77:71. Табела: В. Британија 3 (1/1), Израел 3 (1/1), Чешка 3 (1/1), БиХ 3 (1/1). Следно коло, среда: Чешка - Израел, В. Британија - БиХ.


Статијата е прочитана 317 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Гајдите стивнати, претстои берба на „лалињата“
Шкотите реагираат зашто не можеле да влезат на Јужна
Хамилтон казнет, Маса победник на лудата трка во Белгија!
Одбојкарите ја пишуваат историјата
Французите шокирани во Виена
Серена Вилијамс по трет пат славеше во Њујорк
Тони Савевски нов тренер на Црвена звезда?
Наковска - Бикова петта во воздушен пиштол
Металург со една нога во ракометната ЛШ
Ѓорчепетровки почнаа со пораз во Регионалната лига
Португалките славеа во финишот во Скопје