Број 2983  вторник, 12 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Турска компанија од Бурса ќе испорача двокатни автобуси?

Неофицијално, „Ѓиларус кобра“ е фаворизирана од владини функционери

Деспина Трајковска

Турска компанија е заинтересирана да набави двокатни автобуси, дознава „Утрински весник“. Според неофицијални информации, „Ѓиларус кобра“ од Бурса, чии први луѓе неколкупати досега оствариле директни контакти со високи функционери од власта, се пријавила на тендерот што го објави Министерството за транспорт и врски. Дали нашите информации се точни - ќе се открие денеска, на јавното отворање на понудите за набавка на 302 двокатни автобуса.

На меѓународниот тендер, кој досега од различни причини беше поништуван трипати, неофицијално, ќе учествуваат по две кинески и турски фирми, а повторно понуда доставила и македонската компанија „Санос“. Ниту една од компаниите што се пријавија на досегашните тендери не планира да ја проба среќата по четврти пат. Вчера, до затворање на весникот, до надлежната комисија не била доставена ниту една понуда, иако од Министерството за транспорт и врски информираат дека тендерска документација подигнале 23 компании. Рокот за доставување на понудите истекува денеска напладне.

Турската фирма од Бурса не учествувала на претходните тендери од тактички причини, бидејќи имала сознанија дека натпреварите ќе бидат неуспешни, тврдат нашите извори. Наводно, компанијата чекала да ги види понудите на другите конкуренти за набавка на „даблдекерите“. На официјалната веб-страница на компанијата „Ѓиларус кобра“ речиси сите детали за двокатните автобусите што ги произведува одговараат на бараните критериуми на тендерот, почнувајќи од дизајнот, па се' до екопараметрите што треба да ги поседуваат автобусите. Со производство на вакви автобуси компанијата се занимава од 1991 година, користејќи каросерија од „волво“ и „даф“. Според официјалниот сајт, двокатни автобуси од „Ѓиларус кобра“ досега се испорачани во Либан, Саудиска Арабија и во Јордан.

Владата не се откажа од проектот за набавка на 302 двокатни автобуса. Неодамна, кога беа најавени антикризни мерки и за овој проект, од Министерството за транспорт објаснија дека е предвидена само нова динамика за исплата на најповолниот понудувач. Според планот, Владата во една година не би требало да плати повеќе од сто автобуси. Тоа би значело, доколку договорот со производителот се потпише во јули, плаќањето да биде до јули идната година, со што практично сумата би се поделила во два годишни буџети, коментираат во Министерството.

При распишувањето на првиот тендер, Владата планираше од 2008, па во наредните три години да се издвојуваат средства во буџетот за нови двокатни автобуси. Сега, со новиот план за штедење, само годинава се пренаменети близу 190 милиони денари кои првично требаше да се потрошат за новите двокатни автобуси. И покрај ваквите предвидени мерки, од ресорот дополнија дека не коригирале ништо суштински во тендерот и оти промените ќе бидат вметнати во договорот со идниот најповолен понудувач. Така, останува веќе договореното, во првата година да се набават 102 автобуса.

Официјално, последниот тендер беше поништен, бидејќи три од четирите пријавени фирми не доставија банкарска гаранција, а ниедна од фирмите не понудила ретродизајн на автобусите, идентичен на „даблдекерите“ кои возеле низ Скопје во педесеттите години. На тендерот учествуваа македонската компанија „Санос“, кинеската групација „Џенгџоу Јутонг“, бугарската „Кинг лонг“ и словачката фирма ПРЕ-ОС, која и покрај тоа што поседуваше банкарска гаранција не влезе во игра, бидејќи нејзината цена беше двојно повисока од сите други понуди.


Статијата е прочитана 897 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Ексградоначалникот Димиќ не ги вратил службените лаптопи и телефони
Снема боја за оградата на мостот „Гоце Делчев“
Привршува изградбата на спортска сала во Бутел
Почна пролетното чистење на Скопје
Зеленилото во Карпош ќе се одржува со шест нови машини