Привршува изградбата на спортска сала во Бутел
Општина Бутел ги финишира инфраструктурните зафати на спортската сала кај Основното училиште „Живко Брајковски“. Откако Агенцијата за спорт и млади ги заврши своите обврски околу нејзината изградба, сега на ред е Општината, да го реализира водоводниот приклучок и да обезбеди енергетска согласност за непречено напојување со електрична енергија.
Надлежните од Бутел велат дека во салата се привршува со монтажата на столчињата на трибината. Сега, велат, се работи и на пристапниот пат до објектот и комплетно се завршува партерното и хортикултурното уредување на просторот околу него.
Средствата за инфраструктурните зафати се обезбедени од буџетот на Општина Бутел. (Сн.К.) |