Зеленилото во Карпош ќе се одржува со шест нови машини
По шест години Општина Карпош ја осовремени сопствената механизација за одржување на зеленилото. Отсега сезонските работници на располагање ќе имаат нови шест машини, од кои еден трактор косилка, три обични косилки и два тримера, машини за косење на недостапни површини. За обновување на механизацијата Општината издвои сопствени 500.000 денари.
Општинарите информираат дека наскоро ќе ги употребат машините на Кејот на Вардар, при што ќе биде означен и почетокот на пролетната генералка на подрачјето на Општината. (Дс.Т.) |