Број 2933  среда, 11 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Свет

Бајден бара помош од НАТО-сојузниците во Авганистан

Американскиот потпретседател побара идеи за менување на поразителната воена стратегија

БРИСЕЛ - Американскиот потпретседател Џо Бајден побара од членките на НАТО заеднички да се спротивстават на Ал Каеда и на другите екстремистички групи во Авганистан, каде што истакна дека нестабилноста еднакво им се заканува на сите членки на Алијансата.

Настапувајќи пред главното решавачко тело на НАТО, Бајден побара идеи за менување на поразителната воена стратегија во Авганистан како дел од политиката на претседателот Барак Обама да инволвира повеќе европски сојузници во борбата против талибанскиот бунт. Тој предупреди дека состојбата во Авганистан и соседен Пакистан се влошува, додавајќи дека „влошената ситуација во регионот, според нас, наметнува безбедносна закана не само кон САД туку кон секоја земја присутна на оваа маса“. „Од таа далечна област во светот Ал Каеда ги организираше нападите на 11 септември и другите потоа во Европа и на други места“.

Бајден истакна дека администрацијата на Обама ќе се залага за ангажирање на сојузниците на НАТО во разговорите за глобалната безбедност, што означува отстапување од позициите во последните осум години кога Вашингтон често пати се движеше по самостоен курс, што ги вознемируваше европските сојузници. „Претседателот Обама и јас длабоко сме приврзани кон НАТО. Да го расчистиме тоа од почеток“, рече Бајден пред Северноатлантскиот совет - Комисија на амбасадори од 26 земји-членки на НАТО.

Бајден изјави дека Американците сметаат оти терористички напад во Европа е „напад врз САД. Тоа не е хипербола. Ние го гледаме тоа како пристап кон нови напади врз САД. Ве молам, разберете дека тоа не е американско центристичко гледиште - дека само ако е нападната Америка, тогаш постои терористичка закана“. Тој додаде дека сака да ги слушне идеите од сојузниците како НАТО може да донесе стабилност во Авганистан. „Од таа област Ал Каеда и нејзините екстремистички сојузници се регенерираат и заговараат нови злосторства чија цел се луѓето низ целиот свет, од Авганистан, Пакистан и Индија до САД, Европа и Австралија“, рече Бајден.

По консултациите со сојузниците од НАТО, тој требаше да се состане со високи претставници во седиштето на ЕУ. (Асошиетед прес)

 


Статијата е прочитана 190 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Дисидентска група „Постојана“ ИРА уби полицаец
Судбината им одреди да станат Авганистанци
Бомбаш-самоубиец однесе во смрт 33 лица
Орден „Легија на честа“ за британски ветеран од Прва светска војна
Француски режисер го критикува законот за мигранти
Младите мислат дека Аушвиц е пиво
Медведев ќе се сретне со Обама на 1 април во Лондон
Крај на печатените медиуми во САД
Кралски погреб за проститутка
Далај лама жестоко ја нападна Кина