Крај на печатените медиуми во САД
Вашингтон– Новинската индустрија во САД во последните неколку недели влезе во нов период на падови, со влегување во стечај или најава за стечаи на повеќе големи издавачи.
Со престанокот на излегување на повеќе печатени медиуми, се најавува излегување на некои весници исклучиво на Интернет.
Аналитичката фирма „24/7 Wall St.“ направила попис на десет најпознати американски дневни весници, кои веројатно ќе престанат да излегуваат или ќе мигрираат на Интернет.
Како што покажува анализата, можно е осум од 50-те најголеми дневни весници во САД да престанат со излегување во следните 18 месеци, а сите се од големи градови. |