Медведев ќе се сретне со Обама на 1 април во Лондон
Москва - Рускиот претседател Дмитриј Медведев планира на 1 април во Лондон да се сретне со својот американски колега Барак Обама, пред средбата на врвот на Г-20. За време на средбата со Обама, Медведев планира да ги разгледа прашањата за неширењето на оружјето за масовно уништување, борбата против тероризмот и светската финансиска криза.
Шефот на руската држава, исто така, силно ги поздрави позитивните сигнали добиени од новиот претседател на САД. (МИА) |