Далај лама жестоко ја нападна Кина
Далај лама почна жесток напад врз кинеската власт во неговата татковина Тибет, опишувајќи го животот на неговиот народ како „пекол на Земјата“. Петдецениската кинеска власт предизвика „невидени страдања“, изјави протераниот тибетски духовен лидер, обвинувајќи го Пекинг за креирање на клима на страв. Тој, исто така, ги повтори барањата за „легитимна и значајна автономија“ на Тибет. Неговите коментари беа упатени на 50-годишнината од неуспешното востание против кинеските сили што доведе до негово протерување.
Се планира да се одбележи 28 март, денот кога во 1959 година Комунистичката партија ја распушти локалната власт во Тибет, како Ден на еманципација на закрепостените селани. Портпаролот на кинеско Министерство за надворешни работи, Ма Жаоксу, ги опиша изјавите на далај лама како „лаги“. (Би-Би-Си)
|