Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
02.01.2012, 18:27

Загуба за целиот регион

Стипе Месиќ: Глигоров ги препознаваше интересите на својата земја и не подлегна на екстремниот национализам

„Неговото заминување не претставува загуба само за Македонија, туку и за целиот регион“, порача вчера од Загреб поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ. Зборовите на Месиќ беа меѓу првите реакции на вчерашната вест за смртта на македонскиот претседател, кој почина во Скопје.

„Киро Глигоров ќе биде запаметен како еден од ретките политичари и државници од овие простори кој знаеше да ги препознае, застапува и брани интересите на својата земја, а притоа да не подлегне на екстремниот национализам. Благодарение во прв ред на неговата мудра политика, Македонија успеа да тргне на патот кон независноста, избегнувајќи ги во исто време војните кои кон крајот на 20 век ги разоруваат просторите на поранешна Југославија“, изјави поранешниот хрватски претседател.

Месиќ се потсети на своето пријателство со Глигоров, кое започна уште во времето на Југославија, а продолжи и се интензивираше во времето на претседателскиот мандат на Месиќ. „Секогаш ми беше мило да се сретнам со него и да разменам мислење – било за билатералната, било за регионалната политика, или за приликите на меѓународната сцена. Искрено беше посветен на продлабочување и јакнење на хрватско-македонските односи, но и на мирот и стабилизацијата и за нормализирање на можностите во целиот регион“, вели Месиќ.

„Глигоров беше на чело на државата се' до 1999 година“, оцени вчера бугарската агенција Фокус. „Откако се пензионираше, Киро Глигоров беше активен како автор“. Фокус потсетува дека тој напиша неколку книги: „Македонија е се' што имаме“ (2001), „Атентат – ден потоа“ (2002), „Турбулентни времиња: Република Македонија реалност на Балканот“ (2004) и „Сите југословенски (економски) реформи“ (2006). Тој, исто така, ја основаше и фондацијата „Киро Глигоров“. Фокус вели дека Глигоров беше најстар македонски политичар. Кога го завршуваше својот втор претседателски мандат во 1999 година, имаше 82 години. Во 2000 година влезе во Гинисовата книга на рекорди со тоа што беше најстар шеф на држава во светот.

Белградска „Политика“ потсети дека за претседател на Република Македонија е избран на 27 јануари 1991 година. „На почетокот на распадот на Југославија ги повика македонските војници да се повлечат од ЈНА, а потоа со генералот Благоја Аџиќ договори мирно повлекување на единиците на ЈНА од Македонија“, јави Б-92

„Глигоров умре во сон во својот дом во Скопје“, напиша романскиот „Журнал национал“ и потсети дека тој беше првиот претседател избран по демократски пат во самостојна Македонија.

Со опсежна биографија, веднаш по веста за смртта на Киро Глигоров вчера реагираше словенечката информативна агенција, а турскиот весник „Хуриет“ реагираше со текст на Глигоров во кој се истакнува неговата улога во градењето добрососедски односи на Балканот.

Сите поголеми светски агенции и респектабилни медиуми, преку АФП, „Вашингтон пост“, „Либерасион“, словачката ТАСР беа меѓу првите кои вчера во претпладневните часови јавија за заминувањето на првиот македонски претседател. (Н.Р.)

Сочувство од Тадиќ до Иванов



Претседателот на Србија Борис Тадиќ упати телеграма со сочувство до македонскиот претседател Ѓорге Иванов по повод смртта на Киро Глигоров, првиот претседател на самостојна Република Македонија.

„Вам и на граѓаните на Македонија Ви изразувам најдлабоко сочувство по повод смртта на претседателот Глигоров“, вели Тадиќ во телеграмата.

 


Статијата е прочитана 1186 пати.

Испрати коментар



Аманетот на Претседателот
Денес Ден на жалост
Сочувство од Иванов и Груевски
Биографија: Од секретар на АСНОМ до претседател на Македонија
Сочувство на Ахмети до семејството
Наскоро восочна фигура на Глигоров
Ги постави темелите за правната победа во Хаг
Црвенковски
Штип со гордост го памети својот сограѓанин
Атентат што ја измени Македонија
До Претседателот Глигоров
Почина Киро Глигоров, првиот претседател на независна Македонија

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

 

 


Site Meter


Најчитани текстови во 2011

1. Се запали Александар Палас - емирот во „магла"
2. Тргањето на Александар сега е тешко
3. Кај Велешко се бараат 220 тони злато
4. Македонец ја открил Америка со Колумбо
5. Бранко и Али бегаат од тигарот

Најнови вести
Време
Скопје, 4°C

Облачно

Понеделник
Магла
Макс: 1°C, Мин: -5°C

Вторник
Магла
Макс: 0°C, Мин: -7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |