Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
02.01.2012, 18:41

Ги постави темелите за правната победа во Хаг

Интервју во Радио Слободна Европа, објавено на 11 септември 2005

Во времето кога Македонија беше примена во ОН вие дадовте одреден временски рок кога ќе се реши прашањето со името. Денеска, дали може да дадете некоја проценка, кога може да очекуваме решавање на ова прашање?

Прво, јас тоа не сум го ветил. Грците видоа дека со притисоци, ембарга и слично не може да се промени тој став на Македонија. Тоа се потврди и со преговорите што ги имавме во Њујорк. Тогаш очигледно заклучија дека сепак треба да се направи некој чекор. Нивното максимално барање беше да се откажеме од името Република Македонија. Јас и амбасадорот Тошевски кој не' претставуваше во Њујорк, постојано им говоревме дека тоа е невзоможно. Тоа е дел од нашиот идентитет. Ние живееме во земја која се вика Македонија и ако од тоа се откажеме, ќе се јават некои стари гледања, еве - видовте дека вие не сте Македонци, дека сте Бугари, дека сте Срби итн. Тогаш Велика Британија имаше амбасадор во ОН кој таму бил подолго време. И тој констатирал дека името Македонија не може да се брише, тоа нема да помине и ќе ја искомплицира ситуацијата. Да остане името Македонија, ама нешто мора да се направи и за другата страна за да не изгледаат поразени. И тогаш рекол, еве, ние ништо нема да кажеме неточно, сега се растура Југославија, дека Македонија е поранешна југословенска Република Македонија, ама Република Македонија. Така што, отстапката е многу значајна од грчка страна. А, од наша страна е повеќе чувство дека ете, не сме успеале да го одбраниме нашето уставно име. Тогаш на генералното собрание ние ниту тоа не можеше да го добиеме. Затоа што, мнозинството беше под големо влијание од грчката не само пропаганда, туку и од историски факти кои тие ги пласираа на свој начин.



Имајќи ја предвид оваа ситуација. Кога можеме да очекуваме решение за ова прашање?

Тоа можеме да прашаме некој пророк. Грците се упорни. Тие тоа го сметаат за врвен национален интерес. Се плашат. Е сега не го покренуваат прашањето за Егејска Македонија, ама во некоја друга ситуација ќе речат дека и тоа е наша територија итн, а без Македонија, Грција е островска земја. Токму тој дел на Македонија, а тоа е 51отсто од цела Македонија, ги чини европска земја и тоа беше причина да можат многу полесно од нас да бидат поканети да станат членка на НАТО и ЕУ. Така што, тука тие се многу претпазливи.


Статијата е прочитана 350 пати.

Испрати коментар



Аманетот на Претседателот
Денес Ден на жалост
Сочувство од Иванов и Груевски
Биографија: Од секретар на АСНОМ до претседател на Македонија
Сочувство на Ахмети до семејството
Наскоро восочна фигура на Глигоров
Црвенковски
Штип со гордост го памети својот сограѓанин
Атентат што ја измени Македонија
Загуба за целиот регион
До Претседателот Глигоров
Почина Киро Глигоров, првиот претседател на независна Македонија

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

 

 


Site Meter


Најчитани текстови во 2011

1. Се запали Александар Палас - емирот во „магла"
2. Тргањето на Александар сега е тешко
3. Кај Велешко се бараат 220 тони злато
4. Македонец ја открил Америка со Колумбо
5. Бранко и Али бегаат од тигарот

Најнови вести
Време
Скопје, 4°C

Облачно

Понеделник
Магла
Макс: 1°C, Мин: -5°C

Вторник
Магла
Макс: 0°C, Мин: -7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |