02.01.2012, 18:29 Атентат што ја измени Македонија

Глигоров го преживеа атентатот на 5 октомври 1995 година, но атентаторот досега не се откри
Поранешниот претседател Киро Глигоров го преживеа атентатот што се случи на 3 октомври во 1995 година, но до ден-денес не се дозна кој бил атентаторот и кој стои зад ова сценарио. Утрото во 9,50 часот на улица „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ со а��тивирање експлозив сместен во автомобил „ами 8“ беше разнесен автомобилот на првиот човек на државата. Претседателот Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата, а на самото место загина неговиот возач Александар Спировски. Беше повреден и телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и други две лица, Климе Коробар и Јован Атанасовски. Настанот се случи само еден ден по враќањето на шефот на државата од посетата на Белград, каде што се сретна со претседателот на тогашна СР Југославија, Слободан Милошевиќ.
Нападот беше извршен со автомобил-бомба, кога Глигоров со службено возило се движеше од својата резиденција кон работното место во Собранието. Во атентатот беше употребен автомобил „ситроен ами 8“, во кој биле скриени 20 килограми експлозив, што беше активиран со далечински управувач кога возилото на Глигоров се движеше кон зградата на Собранието.
Во истрагата за атентатот беа претресени 30.850 возила и прегледани повеќе од 15.000 објекти, легитимирани повеќе од 188.000 лица, од кои 19.000 претресени. Сите оние што беа повикувани на информативни разговори во МВР набрзо беа пуштени на слобода затоа што немаше докази кои упатуваа на можна трага. Се споменуваа бугарска, братиславска, српска врска... но, се' остана на претпоставки. (П.Р.) |