Број 3078  петок, 04 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Едиторијал

Обединета власт за расцепканата опозиција

Александра М. Митевска

Многу костумирани функционери од првиот ешалон на власта, со широки насмевки на лицата, можеа да се забележат завчера попладне во хотелот „Бест вестерн“ во Скопје. Дури и лидерот на најголемата владејачка партија, Никола Груевски, накратко ги прекина државничките работи во премиерскиот кабинет на „Илинденска“ и побрза да дојде навреме на улицата „Македонија“, за да стави потпис на еден „круцијален договор“. Со тој документ, возот што што го влече локомотивата на ВМРО-ДПМНЕ доби уште еден вагон, кој се закачи на дваесетчлената композиција што секојдневно „се надградува и се проширува“. Овој пат ПОДЕМ стана дел од коалицијата „За подобра Македонија“.

За оние што не се сеќаваат, станува збор за една од двете партии што се отцепија од НСДП по нејзиното напуштање на власта. Поточно, за партијата на чие чело е поранешниот вицепремиер во претходната Влада на Груевски и некогашен потпретседател на новите социјалдемократи Живко Јанкуловски. На неодамнешните локални избори оваа партија освои околу 13 илјади гласови или 18 советнички места во општините во Македонија. Овој резултат, веројатно, би требало да претставува силен аргумент за влегување во елитното владејачко друштво, бидејќи до сите можни избори има уште многу време - барем што се однесува до регуларните термини. Така што евентуалниот референдум за името би можело да претставува единствено „изненадување“ за гласачите.

Но, по принципот „многу врева за ништо“, помпезниот настан доби минимален медиумски третман. Така, многумина останаа покуси за сознанието дека уште една партија не успеала да и' одолее на магнетната привлечност на власта. И покрај се', владејачкиот камп продолжува да се окрупнува, додека опозицијата и натаму е расцепкана. Или дека колку што е поголема владејачката коалиција, толку се помали шансите да прими некој посериозен удар од опозицијата, која од средината на овој месец најавува пожестока битка во политичката арена.

Договорот што го склучија Груевски и Јанкуловски немаше среќа да одекне посилно од реакцијата на една друга и постара членка во коалицијата „За подобра Македонија“. Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, бараше мораториум за изградба на верски објекти на плоштадот во Скопје - контра ставовите на власта, во која и самата партиципира. И речиси во исто време кога дваесетчлената владејачка коалиција доби уште еден член.

А, тој чин на „засилување“ би можело да претставува и потсетување за другите членки на коалицијата колку е трнлив опозициониот терен. Или порака дека сите субјекти што изминативе три го��ини го напуштиле друштвото на ВМРО-ДПМНЕ се на работ на опстанокот, почнувајќи од ДПА, преку НСДП, па до ЛП, така што дури и луѓе од ДУИ се загрижени дека вмровците би можеле да им ја потрошат партијата.

Според Груевски, цел на окрупнувањето на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е на едно место да се соберат партиите што имаат прогресивни идеи за реформи, за унапредување на државата, за подобрување на соживотот, економијата, земјоделието...

По таа логика, во догледно време сите „преостанати“ партии, дури и оние што едвај ги собрале потребните потписи за да се регистрираат, би требало да станат дел од долгата композиција. Бидејќи и така не постои субјект на политичката сцена кој програмски не се залага за реформи и за унапредување и подобрување на состојбите во сите сфери. Уште кога кон тоа ќе се додаде податокот дека ВМРО-ДПМНЕ зад себе веќе има многубројна, како и идеолошки и етнички колоритна коалиција (иако, главно, составена од човек-партии), со која победува во неколку изборни циклуси и дека оваа партија ги контролира сите нивоа на власта, дружењето со неа, секако претставува голем предизвик.

А, за да нема сомневања дека тоа би можело да значи враќање во едноумие, социјалдемократите би останале единствен симбол на отпорот против власта. Или, евентуално, би им останале на располагање неколкуте партии за кои Груевски тврди дека учествуваат во наводниот заговор против власта.


#
Статијата е прочитана 1096 пати.

Испрати коментар

Од: vmrovec-ljubcovist
Датум: 04.09.2009 02:32:24
uste enda kombe partija vo vlasta.ova mi lici na drnch taka ja vikavme corbata vo vojska.ne mi e jasno dali pravite vmrovci 20 posto so gi ima neli se sramat od koalicija so uck,zingo i levicari t.e. yugosi.pozdrav do pravite vmrovci so ideali.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 04.09.2009 09:12:10
Оди, па Лустрирај! Како ли се чистеа Аугиевите Штали???
Од: И јас сум Љубчовист
Датум: 04.09.2009 11:07:14
Без искрена и здрава Идеологија не може да опстои ниту една коалиција. Тоа го нема ниту во власта, ниту во опозицијата. Штетата е очигледна и ја плаќа народот, како и секогаш.
Од: Трпе.
Датум: 04.09.2009 12:09:57
Чудно,ама вистинито.Најголемите противници на едноумието го воведуват во Македонија.На ова ЕПП влада и фали уште да го воведе самоуправувањето.Барем и работниците ке се офајдат.Па после се чудиме зошто светот не не сака а со нас се подиграва.Децата полека,полека признават дека поранешниот социјалистички систем бил подобар.Се радуват дека нема да има опозиција која ке ги прати во чекор за направените грешки.Барем во социјализамот не се крадеше толку.Можеше функционерите да имат само еден стан повеќе од обичните грагани.На здравје бричење.
Од: kaktus
Датум: 04.09.2009 14:23:08
Трета опција, што беше тоа? Она што Циле еднаш го проповедаше, она што отец Павао го промовираше, она за ДОМ спремни, или подемот на ПОДЕМ! Бљак!
Од: sdsmovec
Датум: 04.09.2009 17:05:05
Kapka po kapka virce! A GOLEMIOT LIDER neka taktizira,sam so sebe. SDSM ni ostana sama proti site, i poslednata nadez deka pak ke se vrtime na vlast popoleka umira. "BRAVO" ZA SDSM SKOPJE

Најди! во Утрински
Насловна
Хигиена, ами како
Изборите во Грција ја релаксираа Владата во Скопје
Зденко
За влез во ЕУ моравме да се смениме
Михаил Ренџов втор пат ја доби наградата „Григор Прличев“
Јанкуловска го испитува ресорот на Јанакиески
Под Бурмали-џамија немало црква
Станавме ли полнолетни?
Отфрена иницијативата за референдум за црквата
Премиерот се оградува од Груев и од Делчев
Цело е кога има тројца
Во Македонија нема алтернативни патишта
Се кандидирам!