Број 3078  петок, 04 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Јанкуловска го испитува ресорот на Јанакиески

Според МВР, ваквите контроли биле детални, траеле шест месеци, па и една година

Катица Чангова


Инспектори од Министерството за внатрешни работи речиси два месеца го проверуваат доказниот материјал и утврдуваат дали во Министерството за транспорт во 2007 година минувале финансиски зделки што го оштетиле Буџетот за најмалку 10 милиони евра или можеби за 21 милион евра како што пресмета опозицискиот СДСМ.

Доколку МВР се посомнева за криминал во ресорот на чие чело е министерот Миле Јанакиески, а во тоа се увери и Основното јавно обвинителство, тогаш ќе почне истрага со полна пареа. Дали навистина ќе има некаков епилог за оваа афера во клучен владин ресор каде што се вртат многу пари, експертите уште во старт изразија сомнежи, бидејќи на ревизорските наоди не им се посветува доволно внимание.

Во Обвинителството информираа дека по правило ги добиваат ревизорските извештаи за да можат да се направат дополнителни проверки за наводите што се содржани таму. Имено, Обвинителството нема стручни луѓе кои можат сами да ги проверат наводите во извештаите. Затоа бараат од МВР, Финансиска полиција, Дирекција за перење пари, Царина... да ја проверат издржаноста на доказите за да може да се тргне во целосна истрага насочена кон конкретен сторител.

Како што изјави јавната обвинителка Соња Симовска за „Утрински весник“, моментно наодот на ревизорот за Транспорт е на контрола во МВР, а откако ќе добијат информации, Обвинителството одлучува за истрага. „Извештајот за Министерството за транспорт е проследен до МВР на 15 јули“, додаде Симовска.

„Ако има основа за криминал, тогаш одиме на истрага. Вообичаена процедура е известувањето од МВР да го добиеме во рок од 30 дена, но се' зависи од тежината на проверките“, појасни Симовска.

Министерството за внатрешни работи се' уште не е готово со проверките на документите за Транспорт. Иво Котевски, помошник-министер за комуникации со јавноста во МВР, истакна дека ќе преземат се' што е побарано од Основното јавно обвинителство. „Кога ќе завршиме со постапката, ќе го известиме Обвинителството“, додаде Котевски, но не можеше да прецизира кога временски ќе се случи тоа. Според помошник-министерот во МВР, имало контроли што траеле шест месеци, па и една година.

Случајот со ревизијата за Транспорт од собраниска говорница кон крајот на јуни прв го отвори пратеникот од СДСМ Јани Макрадули. Тој побара од Обвинителството сериозно да се зафати со злоупотребите во овој ресор, кој го посочи како центрифуга на трите пералници на пари на актуелната владејачка гарнитура.

„Има три сериозни пералници во Владата - една од нив е Министерството за транспорт и врски. Не дозволувајте центрифугата на Миле Јанакиески да продолжи вака да ги троши парите на граѓаните“, рече Макрадули. Министерот Миле Јанакиески истиот ден кога беше обвинет од СДСМ секавично излезе на прес-конференција за ги демантира опозициските обвинувања за злоупотреби и малверзации.

Наодите на Државниот завод за ревизија за Министерството за транспорт, кои на воздржан административен јазик индицираат за мистериозно трошење на јавните пари, веќе една недела е објавен на неговата Интернет-страница. Во трите извештаи, меѓу другото, стои дека сума од близу 10 милиони евра за изградба на северната трибина на „Филип Втори“ и за станови останале неискористени и наместо да се вратат во Буџетот, биле ставени во банка и орочени. Ова е противзаконски, утврдил ревизорот и укажал дека влијае на динамиката на проектите. Над 2,3 милиони евра биле потрошени во македонските железници за капитални субвенции. Меѓутоа, за исплата на сработеното ревизорите не добиле докази. Потрошени се и 230.000 евра за уривање дивоградби, но Министерството немало докази дали е реална сумата. Се исплаќале пари за авторски дела кои ги немало, а за купување клима-уреди се потпишувале непознати лица.

За министерот Миле Јанакиески ревизорот напиша дека избегнувал да става потписи на документи за финансиските трансакции што се случувале во неговиот ресор. Дали со ова Јанакиески се штител од директна одговорност за сомнително трошење јавни пари ќе каже Обвинителството.

 


#
Статијата е прочитана 2333 пати.

Испрати коментар

Од: 8888888
Датум: 04.09.2009 00:39:56
revizorite i jankulovska neka cirnat malce i kaj nataska vo agencijata za drzavni patista??????
Од: kole
Датум: 04.09.2009 07:16:53
Poglednete ja slikava najdobro govori.... Nedokvakana DECURLANA... Ah zalna Makedonijo sto doceka....
Од: Jankulov
Датум: 04.09.2009 08:29:45
A Jankulovska da si vidi prvo sto i se slucuva so MVR?
Од: Ајван Доктор
Датум: 04.09.2009 08:50:16
Незнаел тој дека УДБА е наша Судба, Но и Негова! Пак некои НеИзЛустрирани изфрустрирани Кодоши! ИБ во 2009?! Интересен Напредок!
Од: Оли Јулчовски-Струмица
Датум: 04.09.2009 08:55:36
Иако, потрошил некоја паричка незаконски не мора да значи дека детето ги ставило во џеп.Парите сигурно се искористени за фамилијата Далтонови се докопа до апсолутната власт.Затоа Миле,можеби изгледа МЛАДОЛИКО но сепак одамна не е на ЦУЦЛА.А,овие од СДСМ,немаат ли друга работа па бараат криминал во редовите на оваа ,,ЧЕСНА,,Влада.Кога ќе сватат дека единствен проблем им е најмалиот Далтон-Џо.
Од: kiko
Датум: 04.09.2009 09:08:22
Koga ke zirnat kaj Nataska ke vidat deka nejzinata rabota e valkana kako nejzinoto prezime. Zaedno so Roberto Tosevski treba pod hitno pred istrazen sudija.
Од: Makedon
Датум: 04.09.2009 09:48:54
A be Mile od plata li kupil "betonjerka"?Se obezbeduva "deteto" za utre.Ne e Mile naiven,znae deka ke završi jagmata.Ama kogo ke fatat ke go jade stapot.Mislam deka so "istragava"se ke završi po narodnata-"čavka na čavka ne i vadi oči",kako i so mnogute dosegašni revizii,istragi ...Zašto za toa treba profesionalci,nepartizirani stručni kadri,a ne kako vo site opštestveni institucii i sektori nekadri i nemadri i ....
Од: dolar
Датум: 04.09.2009 10:22:05
Jankulovska neka istrazuva i vo nejzinoto Ministerstvo,kade se krijat Krivicni Prijavi za KONARTIS i Goce Zelenkovski.A Koteski bez sram i perde LAZE deka nema podeseno Prijava. Ili i nekoj od MVR e vo Kriminalot so KONARTIS. Od vladeackata Partija skoro site imaat stanovi od KONARTIS I ZIMEKS.Dali se plasat od nesto. No vistinata izleguva na videlo so Dokazi.
Од: Krste
Датум: 04.09.2009 10:23:30
Dosta ni e od partiski komentari, da gledame malku objektivno na rabotite, ako covekot stvarno ima napraveno nekakov kriminal sigurno nemase da bide posteden od toa, ke bese isto tretiran kako i drugi luge od vlasta.
Од: јас
Датум: 04.09.2009 10:52:20
Зар ќе смее Гоца да го чепне Миле и онака со ТВ-камери да го спроведе на „информативен“ разговор??Лично , не верувам , НИ ЗА МИЛИОН ГОДИНИ..Па во иста каша „дуваат“..
Од: koki
Датум: 04.09.2009 15:56:06
Ne slucajno si gi uredija zatvorskite odaji decata ne se uceni da sedat vo valkani prostorii!!!!!! Kolceto na srekata se vrti koga togas ke se svrti neli !!!!
Од: bubica
Датум: 04.09.2009 16:34:00
Ovoj tekst e odlicna pricina da se stavi na oblozuvanje vo oblozuvalnica i veruvam deka ke ima uplati i toa ima da bide "boli glava".Realno ako e epten isposrana rabotata i nemoze da se ispere ke se odi po linija na pomal otpor odnosno ke se obvinat nekolku sitni ribi za da se zadovolat apetitite na desetkovanata opozicija i ke zavrsi kako remi megu partiite a narodot ke bide publika so prsteto vo usta.Samo dzebot na narodecit ke mora da se doisprazni.Jas bi se oblozila na ovaa varijanta a VIE????

Најди! во Утрински
Насловна
Хигиена, ами како
Изборите во Грција ја релаксираа Владата во Скопје
Зденко
За влез во ЕУ моравме да се смениме
Михаил Ренџов втор пат ја доби наградата „Григор Прличев“
Обединета власт за расцепканата опозиција
Под Бурмали-џамија немало црква
Станавме ли полнолетни?
Отфрена иницијативата за референдум за црквата
Премиерот се оградува од Груев и од Делчев
Цело е кога има тројца
Во Македонија нема алтернативни патишта
Се кандидирам!