Број 3078  петок, 04 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Магазин

Цело е кога има тројца

Многубројни филмски и книжевни ликови се инспирирани од љубовните триаголници

Валентина Тодоровска

Кога се зборува за љубовни или брачни триаголници прва асоцијација се карикатурите на Ласалви - љубовниците скриени во плакари, на балкони, во бања...

Но, оваа тема со многу мирудии и пикантерии, особено поврзани со можноста срцето да се подели на половина влијаела инспиративно, како на писателите, така и на филмаџиите. Да не зборуваме за примерите од вистинскиот живот, значи, сосема сериозни и вистински ликови.

Дури по смртта на данскиот писател за деца, Ханс Кристијан Андерсен, се разврза клопчето поврзано со неговата сексуалност и потребата љубовта да ја дели на неколку дела. Многуте сказни, особено „Малечка сирена“ се поврзани со оваа проблематика.

Љубов во тројка на многумина им е начин на животот. Велат - ништо ново и ништо спектакуларно по култниот француски филм на Франк Трифатов, „Џулс и Џим“ од 1962 година, правен според автобиографската новела на Хенри Пјер Рош. Боемство на тогашната златна младина, интровертност, екстровертност, жена и љубов. Цело е кога има тројца!

Љубовен триаголник е чиста декаденција и е резултат на емотивна несозреаност, но и идеален рецепт за разбивање на монотонијата. На тема маж и две жени хрватската ТВ Нова снима сапуница што ќе се емитува од септември. Кој ќе победи? Рутината на старата љубов или предизвикот, сексуалната страст на новата, е прашање на кое многумина го знаат одговорот...

Најкомплицирани се жените. За тие да се чувствуваат комплетно, потребни се барем двајца мажи. Еден да развеселува, а друг да разгалува...

Оскаровката Тилда Свинтон е особено талентирана актерка, позната по автентичните размислувања, а и по тоа што воопшто не користи шминка. Таа е потполна или, ако сакате исполнета само во друштво на двајца мажи. Еден и е духовна храна, а вториот страст и енергија. Скромната Тилда живее со две лубеници под мишка и вели оти е верна до коска. Патем, таа е мајка на близнаците кои ги има со 69-годишниот сликар од Шкотска, Џон Бурнео, со кого живее апсолутно семејно. „Ветрот“ и' е Сандро Коп, триесетгодишен љубовник со кој патува по светот. „Многу сум среќна, исполнета, цела... Само особени мажи можат да живеат вака“, вели Тилда во оправдувањето на темата триаголник.

Ли Милер, позната фотографка, во куќата во која живееше со сопругот, Роналд Пенрос, го донесе љубовникот, колегата Давид Шерман. Бидејќи се во иста работа и со ист сенс врската им беше хармонична. Патем, Давид ја направи нејзината култна фотографија во када. Само тој имаше око да го наслика најубавото кај саканата. И така, тројцата имаа среќа, како во расказите „живееја убаво и задоволно до крајот на животот“.

Филозофот Фридрих Ниче се вљуби во фаталната Лу Саломе и веднаш се најде во триаголник со еврејскиот мислител Паол Реом. Лу беше како своја на своето - никогаш гладна за внимание и љубов. Многу писатели нашле инспирација во оваа нивна приказна, а тројката ја овековечи љубовта и на фотографија. Мажите напред, а Лу во заднина со камшик. Ниче беше особен по многу нешта и двапати посака Лу да му биде жена. На крај остана сам и полуде.

Џек Керуак, култен писател на романот „На улица“, со години живееше со Керолајн, жената на најдобриот пријател Нил Касиди. Еднаш сите тројца завршиле в кревет. „На мене и на Џек ни беше многу непријатно. Мојот сопруг, се разбира, уживаше“, изјави Керолајн во една прилика.

Анаис Нин ги повика својот љубовник Хенри Милер и неговата сопруга Џун на вечера. Веднаш се создаде еротска привлечност кај двете жени и Анаис ја опсипуваше Џун со подароци. Тоа е темата на филмот „Хенри и Џун“.

„Во тројка“ е филм за тројца млади луѓе што се на почеток на студиите и тие се обземени едни од други. Младешката декаденција и големата љубопитност направиле само во тој контекст нештата да бидат убави...

„Сонувачи“ на Бертолучи е поврзан со опсесивно врска меѓу брат и сестра и уште едно момче што е тука поради „баланс“...

Многу познати лица имале врска во триаголници - Емил Зола, Џорџ Елиот, Пабло Пикасо, Салвадор Дали, Ернест Хемингвеј, а можеби пред сите егзистенцијалистите Жан Пол Сартр и Симон де Бовоар.

Нивните љубовни излети биле последица на здодевноста, испитување на врската и лично преиспитување. Сартр го напиша и советот за успешен триаголник. „Ништо да не се каже докрај - за да постои рамнотежа“.



 


#
Статијата е прочитана 1504 пати.

Испрати коментар

Од: филмофил
Датум: 04.09.2009 08:38:23
До уредникот: Наместо (го цитирам написот) “култниот француски филм на Франк Трифатов, „Џулс и Џим“ од 1962 година“ треба да стои: Франсоа Трифо, “Жил и Џим“. Би замолил некој да и пренесе на новинарката дека се работи за еден од неколкуте најпознати филмови (а и режисери) во историјата на филмот.
Од: Ставре
Датум: 04.09.2009 11:15:31
Што сака да каже писателот....која му е пораката...
Од: Православна Македонија
Датум: 04.09.2009 14:17:39
Кога во јавни медиуми се фали неверството јасно е зошто исчезнува љубовта. До авторот на статијата. Дали се согласувате за триаголник на трет со Вашата партнерка? Колку да ја разбиете монотонијата. Матеј: 6:24 Никој не може да им слугува на двајца господари, оти, или едниот ќе го замрази, а другиот засака; или кон едниот ќе се приврзе, а другиот ќе го презре. Не можете да им служите на Бога и на Мамона.
Од: citatel
Датум: 04.09.2009 14:49:42
Kakva bre poraka, citaj i uzivaj!

Најди! во Утрински
Насловна
Хигиена, ами како
Изборите во Грција ја релаксираа Владата во Скопје
Зденко
За влез во ЕУ моравме да се смениме
Михаил Ренџов втор пат ја доби наградата „Григор Прличев“
Обединета власт за расцепканата опозиција
Јанкуловска го испитува ресорот на Јанакиески
Под Бурмали-џамија немало црква
Станавме ли полнолетни?
Отфрена иницијативата за референдум за црквата
Премиерот се оградува од Груев и од Делчев
Во Македонија нема алтернативни патишта
Се кандидирам!