Број 3648  петок, 05 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Спорт

Бријаторе: Алонсо е подобар од Шумахер

Некогашниот тимски шеф на Шпанецот во Рено смета дека тој е еден од најдобрите во Ф1-историјата

Флавио Бријаторе го смета Фернандо Алонсо за еден од најголемите возачи во историјата на Формула 1, додавајќи дека тој е подобар и од Михаел Шумахер. Додека ја извршуваше функцијата шеф на тимот на Рено, Бријаторе беше сведок на освојувањето на двете шампионски титули на Алонсо, по што Италијанецот работеше како менаџер на возачот. Со оглед на своето познавање на Шпанецот, Бријаторе е на мнение дека Алонсо е еден од „малкутемина големи возачи“ во овој спорт.

„Алонсо е посебна личност не само поради тоа што е голем возач, туку и поради тоа што тој е нормално момче - многу скромен, многу искрен“, изјави Бријаторе за „Онда серо“. „Тој е еден од неколкуте големи возачи, заедно со Сена, Прост и Шумахер. Во последните дваесет години видовме неколку феноменални возачи и Фернандо е еден од нив“.

Нагласувајќи дека Алонсо и Шумахер се „двајца целосно различни возачи“, Бријаторе смета дека Алонсо е за нијанса над седумкратниот светски првак.

„Фернандо е малку подобар, бидејќи кога Михаел станува депресивен, тој паѓа надолу, додека во иста таква ситуација концентрацијата на Фернандо се изострува“, објаснува 61-годишникот.

Бријаторе е уверен дека, ако му дадат вистинска машина, Алонсо може да го надмине рекордот на Шумахер по бројот на освоени титули.

„Се надевам на тоа, бидејќи Фернандо заслужува да биде најдобриот возач во историјата. Тој реши да остане во Ферари до крајот на својата кариера и се надевам дека Ферари може да му испорача болид со кој ќе освои повеќе титули од Шумахер“, вели Италијанецот.


#
Статијата е прочитана 468 пати.

Испрати коментар

Од: demokrat
Датум: 05.08.2011 00:38:29
тој е нормално момче - многу скромен, многу искрен“, изјави Бријаторе. Pretpostavuvam deka Flavio dosol do ovoj zalkucok po trkata za GN na Germanija 2010 koga negoviot pulen ni na navredi inteligencijata i ne proglasi za maloumen. Za da ne ispadne deka zboruvam bez vrska eve za sto stanuva zbor: Na posocenata trka Massa (koj bese vodecki vo kolonata) dobi naredba da go propusti Alonso. Toa preku radio-vrskata vo direkten prenos go slusna cel svet, so se Flabio Briatore. Posle trkata na prasanje od germanski novinar Alonso arogantno izjavi: "Nemase naredba, Massa go pominav regularno". Ako Flabio toa go smeta za skromnost i iskrenost, togas jas sum supermen koj znae da leta, sekako pobrzo od Alonso i Briatore zaedno!?

Најди! во Утрински
Спорт
ФФМ ќе инкасира до 300.000 евра од ТВ-права
Попов и Лазевски без Лига на шампиони
Косово ги скара Словенците и Србите
Марадона на привремена работа во Дубаи
Прва победа на кадетите во Струмица
Френк нов тренер на Детроит
Тениска корида во Кордоба
Јотовски во второто коло во Сомбор

"""