Тениска корида во Кордоба
Полуфиналната Дејвис куп пресметка меѓу Шпанија и Франција што е на програмата од 16 до 18 септември ќе се одржи на сосема невообичаено место - во арена за борба со бикови во Кордоба.
Дуелот во шпанските медиуми веќе е наречен „Тениска корида“, а тамошната федерација тврди дека подобра локација за Дејвис куп нема. Арената „Козо де лос Калифас“ во Кордова може да прими до 16.000 гледачи кои, поради обликот на објектот, ќе имаат одлични позиции за уживање во играта. Кордоба доби предност пред Сантијаго де Компостела и Тарагона.
Шпанците имаат четири трофеи во Дејвис купот, последниот го освоија пред две години. Французите, пак, може да се пофалат со девет титули. Лани во финалето загубија од Србија. |